мини|Килиан Азар
Килиан Азар (холандски и француски: Kylian Hazard, роден на 5 август 1995 година) е белгиски професионален фудбалер кој игра како офанзивен играч за врска за белгискиот клуб од Првата аматерска дивизија Ројал Унион Тубиз-Брејн. Тој има двајца постари браќа, Еден и Торган, и еден помлад, Итан и сите се фудбалери.
Ран живот Азар е роден во Ла Лувиер и пораснал во Брејн-ле-Конт . Неговата мајка Карин и таткото Тиери, двајцата биле фудбалери кои играле во Белгија. Неговиот татко го поминал поголемиот дел од својата кариера играјќи како полупрофесионал фудбалер за Ла Лувиер во белгиската Втора дивизија . Играл главно како дефанзивен играч за врска. Неговата мајка играла како напаѓач во белгиската женска прва дивизија, но престанала да игра фудбал кога останала бремена со нејзиниот најстар син Еден Азар. По нивната фудбалска кариера, мајка му и татко му станале наставници по физичко. Тиери се повлекол од својата кариера во фудбалот во 2009 година со цел да посвети повеќе време на своите деца.
Килијан е трето од четирите деца во семејството Азар. Неговиот најстар брат Еден, претходно играл за Лил во Франција, Челзи во Англија и Реал Мадрид во Шпанија. Неговиот друг постар брат, Торган, му се придружил на Еден во Челзи во 2012 година, пред да се пресели во Борусија Менхенгладбах во 2015 година. Торган се преселил во Дортмунд во мај 2019 година (летен преоден рок) и претходно напредувал низ младинските редови на најголемите ривали на Лил , Ленс. Неговиот најмлад брат Итан моментално игра во младинската академија на Тубиз, каде што Еден, Торган и Килијан ја започналае својата фудбалска кариера. "Les Hazard, une famille de foot".
Килијан и неговите тројца браќа биле израснати во средина каде што биле опркужени со фудбал и со тоа нивните родители, сметале дека имаат се што им е потребно за да се истакнат и да станаат професионални играчи. Семејството живеело „не повеќе од три метри“ од фудбалски стадион а браќата честопати влегувале на теренот за тренинзи низ мала дупка за да ги усовршат и развијат своите вештини во фудбал. "Avant d'être partagée entre Lille et Lens, la famille Hazard a cultivé son jardin secret" (in French).
Азар ја започнал својата професионална кариера во Вајт Стар Брисел, приклучувајќи му се на клубот во 2013 година од академијата на Лил каде што поминал две години. (in French).
Клупска кариера Откако поминал една сезона во белгиската Втора дивизија, на 25 јуни 2014 година Азар му се приклучил на тимот од Про лигата Зулте Варегем со двегодишен договор, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона. При потпишувањето за Зулте Варегем, Азар тргнал по стапките на неговиот постар брат Торган, кој таму поминал две сезони на позајмица од Челзи, и таму се поврзал со Џонатан Бентеке, чиј брат Кристијан исто така е белгиски интернационален фудбалер.
Азар го имал своето професионално деби за Зулте Варегем на 7 август 2014 година, заменувајќи го Ибрахима Конте по 69 минути против белорускиот тим Шахтјор Солигорск во третото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Сепак тој не можел да спречи неговиот тим да испадн од турнирот по нерешените 2-2 на натпреварот и вкупниот пораз од 7-4.
Азар бил во прв состав за Зулте Варегем на 21 јануари 2015 година против РСЦ Андерлехт во реваншот од Купот на Белгија ; мечот завршил со негатива од 4-2 за тимот на Азар. За Зулте Варегем Азар одиграл само 5 натпревари.
На 27 јуни 2015 година, Азар потпишал тригодишен договор со унгарскиот тим Ујпешт. Азар го имал своето деби за овој тим на 18 јули 2015 година против Пакси ФК кој заврши нерешено 0-0. На 21 ноември 2015 година, Азар го постигнал својот прв гол и неговиот тим победил со 2–1 на гости кај унгарскиот тим Хонвед.
На 29 август 2017 година, Азар се приклучил во Премиер лигата за фудбалскиот тим Челзи и бил ставен во тимот за развој на клубот. И покрај гласините дека Азар го напуштил Челзи по една година, тој се согласил на нов двегодишен договор и бил испратен на позајмица во Серкл Бриж за цела сезона.
На 5 мај 2019 година, било објавено дека Азар бил купен од тимот Серкл Бриж и официјално ќе игра за нив од 1 јули 2019 година. Во јануари 2021 година, тој беше деградиран и ставен како резервен играч поради дисциплински причини.
На 31 јануари 2022 година, Азар беше позајмен на тимот RWDM до крајот на сезоната, со опција за купување. Тој го направи своето натпреварувачко деби за клубот на 13 февруари, влегувајќи како замена за Томас Ефестион во 79. минута и неговиот тим победил со 1–0 на белгиската прва дивизија Б над тимот Дејнце. По заемот, Серкл Бриж го раскинал договорот со Азар и тој потпишал двегодишен договор со RWDM.
Азар му помогнал на тимот RWDM да постигне промоција во белгиската Про лига 2023–24, меѓутоа, тој доживеал истегнување на лигамент во летото 2023 година и не бил во можност да игра за клубот во првата половина од сезоната.
На 1 февруари 2024 година, Азар се преселил на позајмица во тимот Беверен.
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Ујпешт Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Статии со извори на холандски (nl) Категорија:Белгиски фудбалери