Оливера Трајкова - музичар, виолинистка, педагог од Битола. Животопис Оливера Трајкова завршила Државно Музичко училиште – Битола во класите на проф. Христина Трајановска и проф. Зоран Маневски. Дипломира во класата на проф. Михајло Куфојанакис на Факултет за музичка уметност - Скопје.Оливера Трајкова Музичка дејност Како солист настапува на многубројни солистички концерти како и на концерти меѓу кои : Солист со Македонска филхармонија, Солист со Камерен Оркестар на Битола, Концерт со „Солисти на ФМУ-Скопје“ Член на „Алеа“ со настапи во Дубровник, Киев, Скопје, Грција Член на Камерен Оркестар на Битола од самото негово основање Учество на „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Битолско лето“, „Интерфест“- Битола, Член на Симфонискиот оркестар на Едмонтон, Канада (Youth Simphonic orkestar - Edmonton) Настапувала и во Србија , Украина , Грција , Канада.

Оливера Трајкова е блиска по род со Кирил Македонски, македонскиот композитор, авторот на првата македонска национална опера „Гоце“. Покрај тоа, таа своите концертни настапи ги изведува со виолината која била соственост и на која музицирал самиот Кирил Македонски. Благодарение на нејзиниот суптилен, „ненаметлив“ изведувачки дар, од неа успева да извлече прекрасен кадифест, нежен и убедлив звук, карактеристичен за позначајните концертни музички и виолински колорити низ светските музички центри. Само по себе ова е своевиден музички раритет и културен екстракст за македонската уметност со оглед и на тоа што на самата виолина е обележано и -Страдивариус 1724.

Нејзините одлични изведби се: прецизни, јасни, со особен авторски влог, емотивни и медитативно одмерени.Оливера Трајкова Педагошка дејност Својата педагошка дејност ја започнува во 2005 год. како професор по виолина во музичките училиште во Охрид и Прилеп. а денес е редовен проф.по виолина во Државно Музичко училиште – Битола.

Својот посветен педагошки ангажман го докаужва и со бројни државни, меѓународни и интернационални истакнати награди, на нејините ученици забележани на бројни натпреварувања и концерти низ светот.Оливера Трајкова, Оливера Трајкова, Оливера Трајкова,Оливера Трајкова Награди Добитник е на повеќе награди, помеѓу кои се истакнува и Специјалната награда на Државниот натпревар во Скопје-Настапот како солист со Македонската филхармонија во Скопје и Младинскиот симфониски оркестар на Едмонтон – Канада.

Наводи

Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски виолинисти Категорија:Македонски педагози Категорија: Македонска музика Категорија: Македонски класични музичари