Васил „Васко“ ГуневFK Napredak napunio 68.godina at vesti.rs, 9-12-2013, retrieved 16-5-2016 (роден на 12 мај 1965 годинаTempo almanah 1990/1991 page 52) — поранешен македонски фудбалер.

Клупска кариера Роден во Прилеп, СР Македонија, тогаш во рамките на Југославија, Гунев започнал да игра во локалната екипа ФК Победа која тогаш се натпреварувала во Втората југословенска лига. Станал плоден напаѓач и во 1988 година, српскиот тим ФК Напредак Крушевац, го донеле во нивните редови. Тимот се натпреварувал во југословенската прва лига. И покрај 10-те гола на Гунев, Напредак ја завршил сезоната во зоната за испаѓање и на тој начин ја играл следната сезона во Втората лига. Во 1990 година Гунев се приклучил на македонскиот тим ФК Вардар играјќи исто така во Втората лига. Во сезоната 1991–92 Југославија почнала да се распаѓа и Вардар бил промовиран. Гунев таа сезона бил најдобар стрелец на Вардар со 8 гола. Гунев потоа се вратил во Напредак и играл во Првата лига на СР Југославија во периодот 1992–1993 година откако постигнал 7 гола во лигата таа сезона. Гунев на 68-годишнината на Напредак бил споменуван како еден од најплодните напаѓачи во историјата на клубот.FK Napredak napunio 68.godina at vesti.rs, 9-12-2013, retrieved 16-5-2016

Во летото 1993 година се отселил на Кипар и играл две сезони таму, одиграл само еден натпревар од УЕФА Купот за АПОЕЛ против Бангор, а потоа продолжил да игра со новопромовираната Омонија Арадипу.

Наводи

Категорија:Фудбалери на ФК АПОЕЛ Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Родени во 1965 година