Мегна () — една од двете главни реки на Бангладеш и една од трите кои ја образуваат Делтата на Ганг — најголемата речна делта на светот која навлегува во Бенгалскиот Залив. Мегна е дел од речниот систем Сурма-Мегна, и се образува во округот Кишореганџ во Бангладеш над градот Бајраб Базар со спојувањето на реките Сурма и Кушијара, кои пак извираат од ридските краишта на источна Индија како реката Барак. Мегна ја прима првата поголема притока Падма во округот Чандпур. Други поважни притоки се Далешвари, Гумти и Фени. Реката завршува во Бенгалскиоит Залив во округот Бола преку четири главни устија наречени Тетулија (Илша), Шахбазпур, Хатија и Бамни.

мини|Чамец на Мегна

Ова е најшироката река која тече целосно во Бангладеш. Кај Бола е широка 13 км. Во долното течение коритото е речиси совршено право.

Горна Мегна Течение Мегна се образува со спојот на реките Сурма and Кушијара, кои доаѓаат од повисоките делови на источна Индија. Надолу до округот Чандпур, Мегна хидрографски се нарекува Горна Мегна. Откако ќе ја прими притоката Падма, почнува да се нарекува Долна Мегна.

Близу Муладули во округот Барисал се наоѓа реката Сафипур, разгранок на Сурма кој создава една од главните реки во Јужен Бенгал. Широка е 1,5 км, и со тоа една од најшироките во земјата.

Кај Чаталпар во округот Браманбарија реката Титас се двои од Мегна и откако ќе направи два големи свијока во растојание од 240 км, повторно се влева во Мегна кај подокруот Набинагар. Титас се образува како еден водотек, но потоа се расплетува во два водотека кои остануваат одвоени пред повторно да се спојат со Мегна.

Во Даудканди во округот Комила, на Мегна и се приклучува реката Гумти, што значително го зголемува количеството на вода. Двата моста преку Мегна и Гумти се најголемите во земјата.

Понатаму на Мегна ѝ се придружува Далешвари пред Чандпур. Подолу, реката Падма — најголемата притока на Ганг во Бангладеш заедно со реката Џамуна — најголемата притока на Брамапутра, се влева во Мегна во округот Чандпур, и така настанува Долна Мегна.

По Чандпур здружениот тек на Падма, Џамуна и Мегна се спушта кон Бенгалскиот Залив во речиси права линија, повремено исплетувајќи се во разни рекички како Пагли, Каталија, Донагода, Матлаб и Удамоди. Сите овие реки повторно се враќат во Мегна на различни места низводно.

Близу Бола, веднаш пред да се влие во Бенгалскиот Залив, реката повторно се дели на два водотека во делтата на Ганг и прави остров. Западниот водотек се нарекува Илша, а источниот го носи името Бамни. Тие ја сочинуваат најголемата делта на светот — Делтата на Ганг.

Поврзано Падма Бенгалски Залив Географија на Бангладеш

Наводи

Надворешни врски

Мегна на Банглапедија Речен систем Сурма-Бегна на Банглапедија

Категорија:Реки во Бангладеш Категорија:Бенгалски Залив Категорија:Ганшки слив Категорија:Читагонг (област)