Групо Телевиса (), едноставно позната како Телевиса () ― мексиканска медиумска компанија со седиште во Мексико. Котирана е на мексиканската берза и берзата во Њујорк.
Медиумската група доминира на телевизискиот пазар во Мексико, најголемата земја во светот во која се зборува шпански, со удел на публика од 60 до 85 проценти. Има активности и во други земји од Латинска Америка и извезува главно теленовели во над 75 земји.
Историја Компанијата е основана на 8 јануари 1973 година како резултат на спојувањето на Телесистема Мехикано и Телевисион Индепендиенте де Мехико од четири матични канали XHTV-TV, XEW-TV, XHGC-TV и XEQ-TV. Телевиса е во сопственост на семејството Азкарага.
Телевизиски канали Копнеен Лас Естрељас Канал 5 Нуеве Форо
Кабел Адреналина Спортс Нетворк Бендмакс Битме Де Пеликула Де Пеликула Класико Дистрито Комедиа Голден и Голден Еџ Голден Премиер Лас Естрељас Интернасионал ТЛН Нетворк Тиновелас Телехит Телехит Мусика Телемундо Интернасионал ТУДН Уникабле
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница
Категорија:Телевизиски претпријатија Категорија:Медиумски претпријатија Категорија:Мексикански претпријатија