Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тиквешкото село Рибарци, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на крајот од селото Рибарци, во јужна насока.

Историја

Според ктиторскиот натпис, црквата е изградена во 2015 година, а била осветена во 2018 година од страна на митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Како ктитори на храмот се јавуваат Голубка Нечевска Цветановска и Кокан Ѓорѓиев со семејствата и други верници и поранешни жители на селото Рибарци.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата е делумно живописана во внатрешноста.

Икони и иконостас

Црквата поседува иконостас, а во помошниот простор до нејзе се сместени и стари икони.

Галерија

Фотографии од храмот

Фотографии од икони во храмот

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Росоманска парохија Рибарци (Тиквешко)

Надворешни врски

Рибарци