Полтергајст: Куќен дух () — американски натприроден филм на ужасите од 2015 г., режиран од Гил Кенан, по сценарио на Дејвид Линдзи-Ебер, и произведен од Сем Рејми, Роб Таперт и Рој Ли. Тоа е преработка на филмот „Полтергајст“ од 1982 г. и е вкупно четвртиот дел од франшизата „Полтергајст“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Сем Роквел, Розмари Девит, Џаред Харис и Џејн Адамс, а следи семејство што пристигнува во нивниот нов дом и почнува да доживува паранормални појави.
Премиерата на филмот во САД била на 22 мај 2015 г., а во Македонија на 21 мај истата година.
Содржина Невработениот Ерик Боуен се сели со сопругата Ејми и нивните деца Кендра, Грифин и Медисон во куќа во предградието. Наскоро во куќата се случуваат чудни настани и кога Ерик и Ејми одат на вечера, дознаваат дека куќата била изградена на стари гробишта, но телата биле преместени на други гробишта. Во меѓувреме Кендра, Грифин и Медисон се прогонувани од духови и малото девојче исчезнува. Ерик и Ејми не одат во полиција бидејќи нема изводливо објаснување за тоа што се случило, но Ејми оди во Одделот за истражување паранормални појави на универзитетот. Екипата оди во куќата и нивниот водач д-р Брук Пауел го повикува специјалистот Кариган Берк. Ќе можат ли да ја спасат Медисон?
Улоги
|Сем Роквел |Ерик Боуен |- |Розмари Девит |Ејми Боуен |- |Саксон Шарбино |Кендра Боуен |- |Кајл Катлет |Грифин „Гриф“ Боуен |- |Кенеди Клементс |Медисон „Меди“ Боуен |- |Џаред Харис |Кариган Берк |- |Џејн Адамс |д-р Брук Пауел |- |Николас Браун |Бојд |- |Сузан Хејворд |Софи |- |Сома Бхатија |Лорен |- |Карен Ивани |г-ца Столер
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови