Бојана Кирил Бајалска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.

Животопис десно|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941 чиј носител е Бојана Бајалска. Била активен учесник на напредното работничко движење вo Гевrелија. Од првите денови на окупацијата работела нa организирање на напредни жени во воспитни rрупи. Во текот на 1941 година собирала и криела оружје за народно ослободителното движење. Собирала народна помош, извршувала курирски задачи разнесување соопштенија на МК КПЈ - Гевгелија до членовите на Партијата. Во повеќе наврати одела со курирски задолженија за врска во Велес. Кон крајот на ноември 1941 година била пратена за член на КПЈ. Во април 1943 година била интернирана во с. Гајтанци, северна Бугарија каде останала до половината на декември 1943 година. По враќањето од интернација побарала врска за одење во партизани. Меѓутоа, повторно била затворена, држена дваесет денови в затвор и повторно интернирана во Крумовrрад, Бугарија.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941