Јордан Бомболов — македонски просветен деец и револуционер од Прилеп. Деец во Македонската револуционерна организација, дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.

Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Јордан Бомболов е роден во градот Прилеп, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнува од семејството Бомболовци, еден од најстарите семејства во Прилеп кои се доселиле во градот покрај 1830-тите. Внук е на Мирче Бомболов, најистакнат прилепски трговец во XIX век. Јордан Бомболов е исто така роднина со Коста Бомболов. За основно образование тој учел во неговиот роден град, во 1880-тите се преселува во Солун да продолжи со неговото образование во Солунската машка гимназија. Во 1886 година тој завршува во гимназијата и станува дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија.Спомени на Георги Стрезов в: „Борбите в Македония и Одринско (1878 - 1912). Спомени“, Български писател, София, 1981, стр. 49.

Јордан Бомболов одлучил во истата година да се пресели во Иксел, Белгија за да продолжи со неговото образование во Брукселскиот слободен универзитет. Во 1891 година завршува со неговото образование со диплома по политичка и административна наука, а во 1895 година добива докторат по право во францускиот град Екс ан Прованс. Кога се врати во Македонија тој се вработи како професор во Бугарската егзархија и учител во Битолската машка гимназија. Станал долгогодишен учител во Прилепското машко класно училиште и после нејзин директор меѓу 1891 и 1893 година.Миладинова, Царевна. Епоха, земя и хора. Изд. на Отечествения фронт, София, 1985.

После Младотурската револуција во 1908 година се приклучува во новосоздадениот Сојуз на бугарските уставни клубови и е одбран како делегат во основачкиот конрес на партија претставувајќи го неговиот роден град Прилеп. Меѓу 1909 и 1912 година се вработува како учител во Солунската машка гимназија. Меѓу 1912 и 1913 година се преместува во Солунската женска гимназија.

После балканските војни за безбедност се преселува во Царството Бугарија. Се вработува како судија и учествува во судскиот орган на државата. За време на втората светска војна и бугарската фашистичка окупација Јордан се враќа во Македонија со цел да учествува во стогодишната прослава на отворањето на Солунската машка гимназија и Битолската машка гимназија. Починал после војната.

Литературни дела

"Разговор с бившия директор на столетното училище д-р Йордан Бомболов", публикувано в сборник "Сто години ново българско училище в гр. Прилеп 1843 - 1943", Скопие, 1943 година

Наводи

Категорија:Македонски просветители Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Дејци на МРО Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Учители на Бугарската егзархија Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Македонски правници Категорија:Учители во Битолската машка гимназија Категорија:Учители во Прилепското класно училиште