Чума — слика изведена во техниката темпера од 1898 година од швајцарскиот симболистички уметник Арнолд Беклин. Таа денес се чува во Уметничкиот музеј во Базел. Делото ја претставува опсесијата на уметникот со кошмарите на војната, помор и смрт. Беклин ја насликал Смртта како јава на крилесто суштество кое потсетува на лилјак летајќи низ улиците по непознат средновековен европски град.

Чумата е насликана во бледо-зелени нијанси боја која често се поврзува со распаѓање. Останатите тонови кои доминираат се црни и кафеави; на пример, во облеката на фигурите од позадината додека бегаат пред смртта. Единствената жива боја на сликата е црвената ткаенина на жената прикажана во преден план лежејќи преку труп на жена.

Извори Еко, Умберто . За грдотијата . Рицоли, 2007 година. ISBN 0-8478-2986-3 Категорија:Уметнички слики од 1898 година Категорија:Слики од Арнолд Беклин Категорија:Змејови во уметноста Категорија:Персонификација на смртта Категорија:Епидемии во уметноста