мини| Театарот Свети Јаков на плоштадот Креков каде што е сместен Љубљанскиот куклен театар. Љубљанскиот куклен театар (словенечки: Lutkovno gledališče Ljubljana) е формиран во 1948 година, првично како Градски куклен театар и до денес останува врвен словенечки театар за куклена игра. Се наоѓа во Љубљана, главниот град на Словенија. Својата премиера ја имал на 10 октомври во рамките на Љубљанскиот фестивал. Првиот уметнички директор бил Јоже Пенгов, словенечки режисер, драматург, актер, писател, преведувач, публицист и основоположник на модерниот занает на словенечкиот куклен театар. Денеска овој театар е домаќин и учествува на бројни европски и словенечки фестивали.
Театарот поставува куклени претстави, но и драми во живо, мјузикли и други забавни изведби.
Театарот има четири сцени со капацитет од 60 до 210 седишта: Сцена Свети Јаков, Главна сцена, Мала сцена и Сцена под ѕвездите која е сместена на последниот кат со стаклен покрив под ноќното небо.
Театарот содржи и мал Музеј на кукларство кој бил отворен во 2015 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Куклени театри Категорија:Театри во Словенија