мини|296x296пкс|Смртоносна галерина Смртоносната галерина (лат. Galerina marginata) е отровна печурка од семејството Hymenogastraceae, од редот на Agaricales. Пред 2001 година се сметало дека Galerina autumnalis, G. oregonensis, G. unicolor и G. venenata се посебни видови поради разликите во живеалиштето и вискозноста на нивните капи, но филогенетската анализа покажа дека сите тие се ист вид. Смртоносната галерина е широко распространета во северната хемисфера, вклучувајќи ја Европа, Северна Америка и Азија, а исто така е пронајдена и во Австралија.

Опис

Капачето на печурката смртоносна галерина е широко од 1,5 до 4 сантиметри, конвексно или забележливо конусно кога е младо, потоа отворено, мазно, влажно, работ е видливо ребрест само при влажно време, малку месест, жолтеникав на суво време и речиси темно окер кафеав на влажно време. Ливчињата се густи, прицврстени или малку се спуштаат по стеблото; нееднакво долги, тесни и окер-жолти. Стеблото е високо од 2 до 6 сантиметри, тенко, вито, мазно, над венчето дел од стеблото има многу фин белузникав прав кој е поблед од капата; под венчето е кафеаво, црвено-кафеаво до бистер боја (темносиво-браон) во основата. Месото е многу тенко, мирисот и вкусот се како на брашно. Спорите се елипсовидно јајцевидни, брадавичести, 8 – 10,5 (15) x 5 – 6 (7,5) μm, правот од спорите е ’рѓаво-кафеав.

Живеалиште Расте во лето и рана есен на трупци, паднати дрвја или паднати гранки од иглолисни дрвја и бука.

Употребливост Смртоносно отровна печурка. Симптомите се болки во стомак, повраќање и пролив, а крајниот исход е кома и смрт.

Токсичност Смртоносна галерина содржи алфа и гама аманитин, како и најотровните видови од родот Amanita.Токсините кои се наоѓаат во Galerina marginata се познати како аматоксини. Аматоксините припаѓаат на фамилија на бициклични октапептидни деривати составени од аминокиселински прстен поврзан со сулфур атом и карактеризирани со разлики во нивните странични групи; овие соединенија се одговорни за повеќе од 90% од смртоносните труења со печурки кај луѓето.

Галерија врска=Datoteka:Galerina_marginata_Point_Reyes.jpg|граничник|209x209пксврска=Datoteka:Galerina_marginata_61108.jpg|граничник|240x240пксврска=Datoteka:2011-10-30_Galerina_marginata_(Batsch)_Kühner_178829.jpg|граничник|240x240пксврска=Datoteka:2008-11-04_Galerina_marginata_(Batsch)_Kühner_27991.jpg|граничник|240x240пксврска=Datoteka:Galerina_marginata_(23766255521).jpg|граничник|270x270пкс

Наводи

Категорија:Отровни габи Категорија:Габи