Арнолд Беклин (; - ) — швајцарски симболистички сликар. Неговите пет верзии на Остров на мртвите инспирирале дела на повеќемина доцноромантични композитори.
Биографија Арнолд Беклин е роден во Базел. Неговиот татко, Кристијан Фредерик Беклин (р. 1802), потекнувал од стара семејна лоза од Шафхаузен и се занимавал со трговија со свила. Неговата мајка, Урсула Липе, била староседелец од истиот град. Арнолд студирал на академијата во Диселдорф под водство на Ширмер, и станал пријател со Анселм Фојербах кој е поврзан со сликарската школа во Диселдорф. Неговиот учител Ширмер, во него открил исклучителен талент кој ветува и го испратил да ги копира делата на фламанските и холандските мајстори во Антверпен и Брисел. Потоа, Беклин заминал во Париз, работел во Лувр и насликал неколку пејзажи.
По отслужувањето на воениот рок, Беклин тргнал за Рим во март 1850 година. Бројните римски знаменитости предизвикале свеж поттик за неговиот ум. Овие нови влијанија донеле алегориски и митолошки фигури во неговите слики. Во 1856 година се вратил во Минхен и таму останал четири години.
Неговата прва свршеница починала млада, а втората жена одбивала да се омажи за него. Во 1853 година, во Рим, се оженил со Ангела Роза Лоренца Паскучи. Заедно имале четиринаесет деца, од кои пет починале многу мали, а уште три пред Беклин. Во 1859 година, тој самиот едвај преживеал тифус.
Кариера мини|Роџер ја спасува Ангелика, 1873 година Потоа го изложил Големиот парк, едно од своите најрани дела, во кое обработувал теми од античката митологија. Од истиот период потекнуваат и Нимфа и сатир, Херојски пејзаж (Лов на Дијана), обете од 1858 година, како и Сафо (1859). Овие дела, кои предизвикале многу дискусии, заедно со препораката на Ленбах, му овозможиле да биде назначен за професор на Вајмарската академија. На оваа позиција останал две години, сликајќи дела како Венера и љубовта, портретот на Ленбах и Света Катерина.
Во периодот од 1862 до 1866 година повторно престојувал во Рим, каде што неговата креативност и склоност кон интензивни бои дошле до израз во делата Портрет на г-ѓа Беклин и Пустиник во дивината (1863), како и во Римска таверна и Вила на морскиот брег (1864). Во 1866 година се вратил во Базел за да ги доврши фреските во галеријата и да наслика неколку портрети, како и Магдалена со Христос (1868), Музата на Анакреон (1869) и Замок и воини (1871).
Неговиот познат Автопортрет со Смртта што свири на виолина (1872) го создал по повторното враќање во Минхен, каде што изложил Битката на кентаурите, Пејзаж со мавритански коњаници и Фарма (1875). Од 1876 до 1885 година работел во Фиренца, создавајќи дела како Пиета, Одисеј и Калипсо, Прометеј и Светата шумичка.
Од 1886 до 1892 година се преселил во Цирих, по што престојувал во Сан Доменико, во близина на Фиренца. Од овој период се „Најадите во игра“, „Морска идила“ и „Војна“ . лево|мини| Гробот на Арнолд Беклин, Фиренца, Италија Беклин починал на 16 јануари 1901 година во Фјезоле, Италија.
Симболизам мини|Вила покрај море Под влијание на романтизмот, Беклиновата симболистичка интерпретација на сцени од митологијата и легендите често се совпаѓала со естетиката на предрафаелитите. Многу од неговите слики се имагинативни интерпретации на класичниот свет, или портретираат митолошки сцени збогатени со класична архитектура, често алегорично истражувајќи ги темите на смртта и минливоста во рамките на загадочен и фантастичен амбиент.
Беклин е најпопуларен по неговите пет верзии на „Остров на мртвите,“ насликани помеѓу 1880 и 1886 година. Делумно инспириран од Англиските гробишта во Фиренца, кои се наоѓале во близина на неговото студио и каде што била погребана неговата мала ќерка Марија. Раната верзија на сликата била нарачана од мадам Берна, вдовица која сакала уметничко дело со соновен и мистичен амбиент.
Клемент Гринберг во 1947 година напишал дека делото на Беклин „претатавувало еден од најсовршените изрази на сето она што сега не му се допаѓа во втората половина на деветнаесеттиот век“.
Наследство мини|Остров на мртвите: Трета верзија, 1883 година. Стара национална галерија во Берлин. мини|Остров на животот, 1888 година. Базелски уметнички музеј, Базел. За време на својот живот, Беклин уживал значително признание, особено во Средна Европа, и битно влијаел врз помлади уметници како Ханс Тома. По неговата смрт во 1901 година, неговата репутација брзо опаднала, бидејќи модерните уметнички правци го направиле неговиот книжевно-наративен стил застарен.Clegg, Elizabeth (2003). "Böcklin, Arnold". Grove Art Online. Сепак, неговото творештво силно влијаело врз Џорџо де Кирико кој велел „Секое дело на Беклин е шок“, а неговата уметност била почитувана и од надреалисти како Макс Ернст и Салвадор Дали. Повторно оживување на интересот за Боклин започнал дури во 1960-тите.
На прашањето кој е неговиот омилен сликар, Марсел Дишан контроверзно го номинирал Арнолд Беклин за уметник кој има најсериозно влијание врз неговата уметност.
HR Giger направил слика наречена Омаж за Буклин, директно инспирирана од Остров на мртвите.
Музеите во кои се сместени најголем број негови дела се: Базелскиот уметнички музеј и Кунстхаус Цирих.
Во музиката Сликите на Беклин, особено Остров на мртвите, инспирирале неколку доцно-романтични композитори.
Песната на Густав Малер (Беседа на Свети Антониј до рибата) од неговиот циклус песни Чудотворниот рог на момчето, која исто така се појавува како движење на Шерцо во Малеровата симфонија бр. 2 Во 1891 година, португалскиот пијанист Хозе Виана да Мота компонирал две дела на сликите на Боклин: Морска идила и Во играта на брановите. Сергеј Рахмањинов (види Остров на мртвите ) и Хајнрих Шулц-Бутен и двајцата составиле симфониски песни по Беклин. Рахмањинов бил инспириран од сликата „Враќање дома“ или „Враќање“ кога го пишувал својот Прелудиум во Б-мол, опус 32, бр. 10.Jonathan Yungkans: Liner notes to the complete Benno Moiseiwitsch Rachmaninoff recordings 1937–43 Андреас Хален, шведски романтичен композитор, напишал симфониска поема Остров на мртвитево 1898 година. Во 1903 година, австрискиот, подоцна американски, композитор Карл Вајгл компонирал тонска поема за пијано „Остров на мртвите“. Во 1913 година, Макс Регер составил збир од четири тонови песни по Боклин: Виолинистот Пустиник, Во играта на брановите, Остров на мртвите и Баханалии. Во филмот на Марк Робсон Остров на мртвите (1945), мрачната партитура на дизниевиот композитор, Ли Харлин, ја користи музиката на Сергеј Рахмањинов. Ханс Хубер ја насловил втората симфонија како Буклин-синфонија, по уметникот и неговите слики. Феликс Војрш компонирал 3 Буклинови фантазии (Остров на мртвите, Пустиник, Во играта на брановите, опус 53 (1910). Фулвио Калдини ја компонирал Остров Беклин, неговата Опус 85 за електронски инструменти (2001).
Друго Леарницата Ото Визерт во 1904 година дизајнирала арт нуво фонт и во негова чест го нарекла Арнолд Беклин.
Адолф Хитлер поседувал 11 негови слики и бил љубител на неговите дела.
Романот „Остров на мртвите“ на Роџер Зелазни еден од ликовите, кој создава планети, се инспирира од сликата за да изгради свој сопствен Остров на мртвите на еден од своите светови.
Јемелијан Јарославски, академик на Академијата на науките на Советскиот Сојуз, ја отворил својата пофална статија од 1942 година за Седмата симфонија на Дмитриј Шостакович со алузија на сликата на Боклин „Војна“.
Дела
Наводи
Надворешни врски
Works by Arnold Böcklin at Project Gutenberg Works by or about Arnold Böcklin at the Internet Archive Bocklin in "History of Art" Archived 2020-11-27 at the Wayback Machine Böcklin biography and images at CGFA A gallery of art from Arnold Böcklin 70 different engravings by Arnold Böcklin on display with translations (Archived 2009-10-25) German masters of the nineteenth century : paintings and drawings from the Federal Republic of Germany, a full text exhibition catalog from the Metropolitan Museum of Art, which contains material on Arnold Böcklin (nos. 5–10) "Brahms, Böcklin, and the Gesang der Parzen", by Eftychia Papanikolaou; article in Music in Art: International Journal for Music Iconography 30/1-2 (Spring-Fall 2005): 154–165.
Категорија:Швајцарски сликари Категорија:Симболистички сликари Категорија:Луѓе од Базел