Калемење — хируршка процедура за преместување ткиво (калем) од едно место на друго на телото, или од друго суштество, без да се пренесе сопственото снабдување со крв. Наместо тоа, нов довод на крв расте откако ќе се постави. Слична техника каде што ткивото се пренесува со недопрено снабдување со крв се нарекува флап (хирургија). Во некои случаи, калемот може да биде вештачки произведен уред. Примери за ова се цевка за пренос на крв низ дефект или од артерија до вена за употреба во хемодијализа.
Класификација Автокалеми и изокалеми обично не се сметаат за страно тело и затоа не предизвикуваат отфрлање. Алокалемите и ксенокалемите може да бидат препознаени како туѓи од примачот и да бидат отфрлени.Textbook of Microbiology, R. Vasanthakumari, p166, 2007, New Delhi,
Автокалем: калем земен од еден дел од телото на поединец и трансплантиран на друго место кај истиот поединец, на пример, калем на кожа. Изокалем: калем земен од една единка и поставен на друга единка со исто генетско устројство, на пр. калеми помеѓу идентични близнаци. Алокалем: калем земен од една единка и поставена на генетски неидентичен член од истиот вид. Ксенокалем : калем земен од една единка поставен на поединец што припаѓа на друг вид на пр. од животно на човек.
Видови на калемење Терминот калемење најчесто се применува за калемење на кожа, но сепак многу други ткива може да се искалемат: коски, нерви, тетиви, неврони, крвни садови, масно ткиво и рожница. Овие се ткива кои најчесто се калемеат денес. мини|249x249пкс| Во процесот на калемење се става свежа кожа над рана со оштетена кожа. Специфичните типови вклучуваат:
Калемење на кожа - често се користи за третирање на губиток на кожа поради рана, изгореници, инфекција или операција. Во случај на оштетена кожа, таа се отстранува, а на нејзино место се калеми нова кожа. Калемење на кожата може да го скрати текот на потребниот третман и хоспитализација, а исто така треба да ја подобри функцијата и изгледот. Постојат два типа на кожни калеми:
Кожни калеми со поделена дебелина (епидермисот и дел од дермисот) Кожни калеми со целосна дебелина (епидермисот и целата дебелина на дермисот)
Калемење на коска – се користи во забни импланти, како и во други случаи. Коската може да биде автологна, обично земена од илијачниот гребен на карлицата, или обложена коска/алокалем. Калемење на крвни садови – употреба на трансплантирани или протетски крвни садови во хируршки процедури. Реконструкција со калемење на лигаменти – како со реконструкција на колениот предниот вкрстен лигамент или реконструкција на улнарниот колатерален лигамент. Калемење на масно ткиво – процес на собирање на масно ткиво преку липосукција, обработка/центрифугирање и инјектирање во меко ткиво за подобрување на покриеноста, волуменот и контурата, типично во градите, задникот и лицето.
Индикации
Голема површина на изгубена кожа поради инфекции Изгореници Операција за рак на кожа Хронична болест на сврзно ткиво
Причини за неуспех
Развој на хематом кога калемот се става над активно крварење Инфекција Развој на серома Силата на смолкнување го нарушува растењето на нови крвни садови. Несоодветна подлога за раст на нови крвни садови, како што се 'рскавица, тетиви или коска.
Наводи
Категорија:Трансплантологија Категорија:Хирургија Категорија:Медицина