Наследници — американска сатирична црна драмска комедија создадена од Џеси Армстронг, која прикажувала четири сезони на HBO од 3 јуни 2018 година до 28 мај 2023 година. Серијата се сосредоточува на семејството Рој, сопственици на глобалниот медиумски и забавен конгломерат Waystar RoyCo, и нивната борба за контрола над компанијата во услови на неизвесност за здравјето на семејниот патријарх.
Премиса Наследници го следи семејството Рој, сопственици на глобалниот медиумски конгломерат Waystar RoyCo со седиште во Њујорк. Семејниот патријарх Логан Рој (Брајан Кокс) доживува нагло влошување на здравјето. Неговите четири деца отуѓениот најстар син Конор (Алан Рак), жедниот за моќ Кендал (Џереми Стронг), непочитуваниот Роман (Киеран Кулкин) и политички упатената Шив (Сара Снук) кои се на различни начини поврзани со компанијата, почнуваат да се подготвуваат за иднина без својот татко и да се борат за моќ во компанијата.
Прием Серијата добила просечна оценка од 95% на веб-страницата Rotten Tomatoes и оценка од 85 на Metacritic. Во 2021 година, BBC Culture анкетираше 206 „критичари, новинари, академици и фигури од индустријата“ од целиот свет за да состави листа од 100-те најголеми телевизиски серии на 21 век; Наследници излезе на број 10. Во 2022 година, Ролинг Стоун го рангираше шоуто на 11-то место на листата на 100 најдобри ТВ-емисии. Во 2023 година, Variety го рангираше на #13 на сопствената листа на 100 најдобри ТВ емисии на сите времиња. Серијата често повлекува паралели со делата на Вилијам Шекспир, особено со Кралот Лир.
Наводи
Надворешни врски
"Logan Roy, conservative media mogul who shaped contemporary politics, dies at 84", a faux-character obituary from the Los Angeles Times
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 2018 година Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик Категорија:Американски телевизиски серии