мини|Лејка во етнолошката поставка на Народниот музеј на Топлица Лејка или црпка – сад за леење вода што се употребувал во минатото, направен од плодот на едногодишното растение Lagenaria vulgaris од семејството тикви, кој е во облик на круша. Служела за пиење на вода, и таа се користела дома или стоела кај кладенецот или на бунарот, но имале слаб квалитет и кратко се користеле. Се садела во бостан, пченка и бавчи. Кога ќе созреела, се берела и се оставала на сонце и ветер да се исуши. Потоа се ставала во ѓубре каде што стоела 7-8 дена за да ѝ излезе горчливоста. Се отворал отвор на горната страна во вид на круг, се чистрл внатрешниот дел и садот за црпење вода бил подготвен.

Преносно значење Во преносно значење зборот се користи за главата на човек, особено во пејоративен облик. Примери: Многу му фаќа лејката. Не му фаќа лејката.

Наводи

Категорија:Садови за течности Категорија:Садови за пиење