Месен народен одбор Чепели ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја Месниот народен одбор Чепели бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Злешево и Чепели. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Струмичката Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Чепели бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Костурино кој го добил селото Злешово, и соседниот и проширен Месен народен одбор Попчево кој го добил селото Чепели.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Чепели имал 1,044 жители, односно вкупното население на Злешево и Чепели. Од таа бројка, сите биле Турци.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Чепели Чепели Чепели Категорија:Валандовска Околија Категорија:Струмичка Околија