мини|Скаменето дрво од шумата Нестимска скаменета шума () — скаменета шума и палеонтолошко наоѓалиште кај селото Нестиме, Населичко, Егејска Македонија.
Се наоѓа во источните падини на планината Одре, на 3 км североисточно од Нестиме и 3 км западно од Бела Црква, во близина на патот Лапчишта–Рупишта.
При копањето на лигнит кај селото во 1935 година, месен жител открил скаменети дрвја и морски фосили. Во јуни 1997 г., професорот по палеонтологија на Атинскиот универзитет, Евангелос Велиѕелос ги извршил првите официјални ископувања. Истражувачите откриле фосилизирана шума стара 27–23 милиони години. Тие отркиле и одлично фосилизирани заби од ајкула, школки, морски ѕвезди, полжави, тропска и суптропска вегетација. Шумата била оформена во долниот миоцен, кога во областа имало активен вулканизам, кој ги фосилизирал растенија и животни.
Наодите денес се чуваат во Палеонтолошкиот и палеоботаничкиот музеј во с. Нестиме, а околноста на шумата е прогласена за геопарк.Μουσείο Απολιθωμένου Δάσους Νόστιμου-Καστοριάς
Галерија
Наводи
Категорија:Скаменети шуми Категорија:Палеонтолошки наоѓалишта Категорија:Географија на Егејска Македонија