мини| Урбана плажа во паркот HTO во Торонто. Урбана плажа (позната и како градска плажа, или плажен клуб) — вештачки создадена средина во урбана средина која симулира јавен брег, преку употреба на песок, чадори за плажа и објекти за седење.
Постојат многу варијации на урбани плажи. Урбаните плажи често се наоѓаат покрај водните патишта, а некои се дел од градските плоштади или се наоѓаат на други простори далеку од вода. Плажата може да биде сезонска инсталација над пат или паркинг, или може да биде трајна.
Урбаните плажи не се нужно јавна сопственост, иако генерално остануваат отворени за јавноста (понекогаш со влезница). Онаму каде што пливањето во река или океан не е можно, многу урбани плажи вклучуваат водни елементи - на пример фонтани, базени или кули за разладување. Некои градски плажи имаат места за забава или за храна и пијалоци. Неколку вклучуваат спортски објекти, на пример место заодбојка на песок.
Повеќето урбани плажи се дизајнирани за пошироката популација, вклучувајќи семејства, млади самци и постари граѓани. Иако урбаните плажи често немаат услови за пливање, костите за капење најчесто се среќаваат заедно со повообичаената облека што се гледа во големите урбани центри.
Популарноста на урбаните плажи се зголемила на почетокот на 21 век, бидејќи концептот бил застапуван од урбанистички планери, пејзажни архитекти и локални политичари.
Историја Природните урбани плажи лоцирани покрај морето долго време привлекувале туристи, како што се Копакабана во Рио, централната плажа во Сан Себастијан или Градската плажа во Штралзунд. Сепак, многу од градските плажи се користат главно од локалното население за релаксација. Добар пример за ова е плажата Баркола, која порано била поврзана со центарот на Трст со трамвај, а денес со автобус. Луѓе од сите возрасти ја користат можноста да го поминат своето слободно време или паузите за ручек подалеку од градската жештина на свежиот морски ветрец.Mauro Covacich "Triest verkehrt: Fünfzehn Spaziergänge in der Stadt des Windes" (2012), p 93. Дури се разгледува и можноста за обнова на песочната плажа во Баркола, која во голема мера била надградена поради изградбата на патишта во 19 век.Da Barcola beach al "tubone" fino al park sotto le Rive: i tanti sogni irrealizzati nel cassetto di Trieste"Barcola Granda: il rendering che mostra un nuovo lungomare." In: Trieste Cafe 11.02.2021.
Иако многу градови експериментирале со привремени инсталации од песок за разни фестивали и уметнички проекти, концептот на модерната урбана плажа како летна јавна привлечност во средината на градот бил популаризиран од Париските плажи, програма на сезонски инсталации на урбана плажа покрај Сена. Париските плажи се најголемата урбана плажа во светот и го претвораат делот од речните брегови во плажно искуство комплетно со песок, лежалки и водни активности. Некои европски урбани плажи тврдат дека постоеле и пред тие во Париз со слични елементи и програми.
Плажни барови Многу крајбрежни ресторани и барови низ целиот свет имаат делови со тематика на плажа, и како што стануваат поголеми се забележува одредено вкрстување со урбаните плажи. На пример, двете вештачки плажи во Њујорк и многу од вештачките плажи во германските градови имаат затворени плажи отворени за посетители, но просторите ги управуваат приватни субјекти како места за храна и пијалоци и често се затвораат за концерти и настани. Строго кажано, ваквите локации се приватни претпријатија, а не вистински урбани плажи, кои можат да вклучуваат комерцијални потфати, иако одржуваат атмосфера на јавен простор.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Паркови Категорија:Плажи Категорија:Рекреација на отворено