Светлана Боцева, родена Светлана Тодорова Боцева (Велес, 16 септември 1928 — Велес, пред 1970) — македонски активист и домаќинка. Членка на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, угнетувана од социјалистичкиот режим поради нејзината поддршка на обединета независна македонска држава. Со разлика од другите, Боцева не била интернирана во Идризово. Сепак велешкиот околиски одбор продолжиле да ја шпионираат.

Животопис

Потекло Светлана потекнува од значајното велешко семејство Боцеви. Тие живееле меѓу училиштето Св. Кирил и Методиј и црквата Св. Пантелејмон во населбата Мегдан. Нејзиното семејство всушност биле изданок на старото берберско семејство Подалешови. Нејзиниот дедо Ѓоше Боцев, роден во 1840 година, отпрвин се занимал со берберскиот занает. Кога се запознал со Хаџи Коста Крстев, роднина на Ѓорѓи Зографски, Ѓоше се насочил кон фотографирање. Под менторството на Дамаскин Манушев Ѓоше научил како да употребува фотоапарат. Во еден случај Отоманската власт откриле како сликал борци од Четничкиот институт на МРО и го уапсиле. Ѓоше се оженил со Таса Боцева и имале шест деца.

Таткото на Светлана Боцева се викал Тодор Боцев, роден во 1893 година. Од млади години се занимавал со фотографирањето. Отидол во свадби и крштенки заедно со неговиот татко. Кога починал Ѓоше, Тодор го наследил неговото ателје. Во 1927 година се оженил со Нада Боцева, Срмова по моминско. Нада Срмова била ќерка на Пано Леов Срмата, значаен трговец во Солун со потекло од Ораовец. Тодор Боцев имал три деца, Светлана Боцева — најстарата, Ѓорѓи Боцев и Томе Боцев — меѓу најзначајните фотографи во Велес заедно со Љубе Манушев. Во 1933 година Тодор Боцев починал. Нада Боцева ги чувала децата како вдовица. Не можејќи да најде работа, Нада продолжила со сликањето.

Дејности Родена е на 16 септември 1928 година во Велес, тогаш дел од Кралството СХС/Југославија. Татко ѝ починал кога таа била 5 години. Се образувала во нејзиниот мајчин град. Не можела да продолжи со нејзиното гимназиско образование поради почетокот на Втората светска војна и народноослободителната борба. После војната, таа се запишала во велешката гимназија. Според еден југословенски извештај, Боцева била дел од седмиот гимназиски клас. При нејзиното образование, таа се запознала со Благој Џајков. Џајков бил верник кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на СР Македонија, во полициските досија верници на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Самиот поим ванчомихајловист бил употребуван како синоним на фашист или бугараш.

Боцева подоцна се приклучила во Џајковата група заедно со Богдан Хаџи Петрушев, Атанас Поп Ѓорчев — синот на Богдан Поп Ѓорчев и со нејзиниот брат Ѓорѓи Боцев. Во 1946 година за време на југословенскиот терор врз велешаните групата била откриена и укината. Водачките членови биле осудени и интернирани во Идризово. Боцева успеала да ги избегне судските постапки поради недостигот на докази од околискиот одбор. Поради тоа Боцева била ослободена но чувана под надзор. Во 1947 година, таа заедно со нејзината мајка Нада Боцева биле уапсени под сомнение дека биле членови на „ВМ“ група. Но повторно пак поради недостигот на податоци и двете биле ослободени. Откако заврши нејзиното гимназиско образование таа продолжила во Скопје каде се запишала во Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Без нејзино знаење околиските одбори продолжиле да ја шпионираат. Според еден југословенски извештај, Боцева починала пред 1970 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1928 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“