десно|мини|250x250пкс| Андените во Светата долина кај Писак, Перу мини| Дијаграм на Инките за инженерството на Инките при изградба на андени Анден (шпански: andén, „платформа“) е поим со кој се означуваат терасите за земјоделски цели. Андените се скалила ископани во падината на ридот за земјоделски цели. Терминот најчесто се користи за да се означат терасите изградени од претколумбовските култури на Андите во Јужна Америка. Андените имале неколку функции, од кои најважна била да се зголеми количината на обработливо земјиште достапно за земјоделците со израмнување на површината за садење култури. Најпознатите андени се во Перу, особено во Светата долина во близина на главниот град на Инките, Куско, и во кањонот Колка. Многу андени преживеале повеќе од 500 години и сè уште се користат од страна на земјоделците низ целиот регион.
Придобивките од андените вклучуваат користење на стрмни падини за земјоделство, намалување на заканата од замрзнување, зголемување на изложеноста на сончева светлина, контрола на ерозијата, подобрување на апсорпцијата на вода и аерација на почвата. Изградбата и употребата на андените за земјоделски култури овозможилп земјоделството во Андите да се прошири во климатски маргинални области со ниски или сезонски врнежи од дожд, ниски температури и тенки почви.
Потекло и историја лево|мини|250x250пкс| Андените кај Морај, Перу Земјоделските тераси се градат и користат ширум светот со илјадници години, главно со цел да се овозможи одгледување во планински предели. Потеклото на терасите или андените во Андите е слабо разбрано, но тие биле изградени до 2000 година п.н.е. Земјоделството станало од суштинско значење за егзистенција на растечкото население по 900 година п.н.е. Луѓето од културата Уарпа и подоцнежната култура Вари (500–1000 г. н.е.) изградиле тераси во ридовите на Андите во Перу. За време на Империјата на Инките, технологијата и количината на земјиште на андените достигнале највисоко ниво. Археолозите проценуваат дека Андените покривале околу 1.000.000 хектари земја и значително придонеле за прехрана на приближно десет милиони луѓе во Тавантинсују.
Шпанското освојување на Перу во 1533 година довело до демографски колапс во Андите, бидејќи домородното население нагло се намалило поради европските болести и војни. Многу земјоделци се преселиле или биле преселени насилно во согласност со шпанската политика на намалување на живеалиштата кон порамни и полесно обработливи земјишта. Исто така, Шпанците вовеле волови и коњи како влечни животни и плугови. Андените биле тешко достапни поради овие иновации, бидејќи биле најсоодветни за рачната работа. Во 19 век со растот на населението, голем број андени повторно се вратиле во употреба, но кон крајот на 20 век 60 до 80 проценти од андените биле напуштени за одгледување земјоделски култури, иако може да се користат за пасење.
Инженерство мини| Воден канал за одводнување и наводнување на андените Андените биле комплицирани за изградба, бидејќи требало предуслови за дренажа и наводнување. Првиот чекор во изградбата на еден анден бил да се постави подземна или карпеста основа од околу 1 метар во земја за да се даде цврстина и стабилност на потпорниот ѕид, кој некогаш бил висок и до 2 метри над наклонот на земјата. Зад потпорниот ѕид, долниот 1 метар се исполнува со големи камења, преклопени со слој од околу 1 метар песок или чакал. Најгорниот слој на терасата се покривала со слој почва од околу 1 метар дебелина. Резултатот бил тераса што обезбедува „добро дренирана богата почва и рамна површина за одгледување култури“. На престижни или кралски места, како што е Мачу Пикчу, фино сечен камен се користел како надворешна (видлива) страна на потпорниот ѕид. Површината за садење на анден е променлива, но во долината Колка во просек изнесува 3 метри ширина.
Слоевите од карпи и песок помагале при отцедување на прекумерните врнежи и биле особено важни во областите со обилни врнежи од дожд. Во Мачу Пикчу, површинските одводи го пренесувале вишокот вода во главен одвод кој снабдувал вода до фонтаните и каналот за водоснабдување на домаќинствата. Во сушните области, како што е долината Колка, каде што сè уште има андени, водата за наводнување се носи од стопениот снег на високите врвови и изворите преку сложен систем на канали и резервоари. Водата за наводнување се испушта од резервоар во најгорниот анден, а преливот ги наводнува долните андени.
Рехабилитација мини| Андените во кањонот Колка Напорите за рехабилитација и враќање на андените во производство во близина на Куско започнале во 1970-тите. Во 2014 година, перуанското Министерство за земјоделство и Меѓуамериканската банка за развој започнале проект за рехабилитација на андените, вклучувајќи ги и оние во близина на Лараос во регионот Лима .
Поврзано
Земјоделство Земјоделство на Инките Тераса (земјоделство)
Белешки
Наводи
Литература
Категорија:Историја на земјоделството Категорија:Географија на Перу Категорија:Општество на Инките