Чирпан — град во Јужна Бугарија, административен центар на истоименета општина во Старозагорската Област. Има население од околу 14.991 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија Чирпан е расположен во јужното подножје на Чирпанските Возвишенија (651 м). Се наоѓа на 39 км југозападно од Стара Загора и околу 50 км од Пловдив. Располага со железничка станица на линијата Софија – Бургас. Покрај градот минуваат АМ Тракија, со која има изградена удобна врска и АМ Марица. Климата во реонот е преодно-континентална со слабо изразено средоземноморско влијание.
Историја Современиот град е основан околу XV век како наследник на античката римска населба Шерампол. Во 344 година, Свети Атанасиј наводно го основал првиот христијански манастир во Европа во близина на денешен Чирпан. Под турско владеење, градот бил познат по нејзиното земјоделство и занаетчии. Градот страдал од земјотресот на 18 април 1928 година. Чирпан е родниот град на Пејо Јаворов.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина Чирпан
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Стара Загора