Атанас Георгиев Ников — македонски револуционер и книжар, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Баждаров, Георги. „Горно Броди“, София, 1929, стр.67-69.

Животопис лево|мини|Ников во својата младост мини|250x250пкс|Споменикот „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Атанас Ников (деветнаесетти во третата колона). Ников е роден во 1858 г. во селото Горно Броди, Серско, тогаш во Отоманското Царство, денешна Грција. Потекнувал од многудетното семејство. Неговиот татко бил рудар. Учел во месното егзархиско училиште, кај учителите Георги Зимбилев и Никола Падарев. Во 1880 г. работел во магацин за железо на свој роднина во Сер, каде бил чирак шест години. Во 1886 г. отворил сопствен дуќан-бакалница. Во 1888 година, дуќанот станал првата книжарница во Сер. Книжарницата била важно средиште на Серчани.Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 63.

Во 1894 г. Ников стапил во ВМОРО, каде бил постојан член на Серскиот окружен комитет. Во 1902 г. неговата револуционерна дејност била откриена од турските власти, по што тој емигрирал во Бугарија. За време на Илинденското востание, Ников бил касиер на Задграничното претставништво. По својата амнестија од 1904 г. тој се вратил во Сер и продолжил со работа во книжарницата.

Во 1906 г. преживеал два атентати. Во третиот атентат, кој бил извршен во Сер на 17 октомври 1906 година бил убиен. Со него загинал и негов роднина Христо Ников. Убиецот бил гркоманот Атанас Хаџи Пантазиев. Сопругата на Атанас ја продолжил неговата дејност, поради што добивала закани од гркоманското население на градот.Трайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., в: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр.54

Наводи

Забелешки

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија