Јасеновски манастир — манастир во велешкото село Владиловци, сместен над селото. Името доаѓа од месноста во која се наоѓа, како и поради постоењето на некогашното село Јасеново.

Местоположба

Манастирот се наоѓа под врвот Јасенова Глава и до него води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат помеѓу селата Јасеново и Владиловци.

Историја

За манастирот нема податоци кога е изграден.

Градби во манастирот

Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, параклис, трпезарија, како и други помошни објекти.

Црква „Св. Ѓорѓи“

Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир. Зад црквата се наоѓа и мал истоимен параклис.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Владиловци Категорија:Јасеново Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Повардарската епархија