мини|273x273пкс|Платформа со поставена опрема за превоз на метални производи. Платформа — товарен вагон од отворен тип, наменет за превоз на долги, парчести товари, контејнери и опрема што не бараат заштита од атмосферски влијанија.
Видови платформи Платформите се поделуваат на универзални (за превоз на разновидни товари со широка номенклатура) и специјализирани (за превоз на одреден вид товар).
Универзалните платформи имаат моќна челична заварена рамка со дрвен или дрвено-метален под и метални преклопни странични и челни страници (плочи). Подната покривка на платформата е зајакната со дополнителни греди на рамката. Челните страници во отворена положба служат како преодни мостови за самостојно товарење на возила со тркала. На платформата е дозволен превоз како на рамномерно распоредени, така и на концентрирани товари во средишниот дел (45 тона на платформа долга 3 м, и 60 тона на платформа долга 4,3 м).
Специјализираните платформи немаат страници, а некои немаат ниту подна покривка. Тие се опремени со приспособувања за лесно прицврстување на товарот при превоз и за олеснување на операциите на товарење и растоварување. Во специјализирани спаѓаат платформите за превоз на тешки контејнери, дрвени материјали и патнички автомобили (на две нивоа).
Размери на подот за стандардна платформа: 2870 × 13 300 мм, површина — 36,8 м². Корисна носивост: 60–75 тона. Максимална висина на товарот — 2600 мм (висина заедно со платформата до 4 м), а при негабаритен товар — до 3900 мм (до 5,3 м).
Наводи
Надворешни врски
DB-Güterwagenkatalog Dybas – Privates Güterwagenarchiv Artikel über Behälter-Tragwagen auf Drahtkupplung.de Artikel über ISO-Container and Wechselbehälter auf Kombimodell.de
Категорија:Железнички возила __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__