мини|250п|Биогасот се користи и во јавниот превоз (Берн, Швајцарија) Биогас е вид биогоривоNational Non-Food Crops Centre. "NNFCC Renewable Fuels and Energy Factsheet: Anaerobic Digestion" , Retrieved on 2011-02-16 во гасовита форма што се добива со анаеробно разградување или ферментација на органски материи, вклучувајќи го ѓубривото, канализацискиот талог, комуналниот отпад или кој било друг разградлив отпад. Главно се состои од метан и јаглерод диоксид. Во иднина може да биде важен извор на енергија.

Состав Метан (CH4)40-75 %Јаглерод диоксид (CO2)25-55 %Водена пареа (H2O)0-10 %Азот (N)0-5 %Кислород (O)0-2 %Водород (H)0-1 %Амонијак (NH3)0-1 % (H2S)0-1 % Енергетски значајни се само метанот и водородот. Проблематични се H2S и амонијакот, кои често пред употребата на биогасот треба да се отстранат за да не делуваат агресивно врз опремата.

Подвидови барски гас гас од анаеробни постројки за преработка на отпадни води, септички јами и сл. гас што се добива во земјоделството (пред сè од оризовите полиња, компост, од животни - главно преживари - и сл.)

Употреба Биогасот се користи за производство на: топлинска енергија топлинска и електрична енергија (когенерација) - што е најчест случај топлинска енергија, електрична енергија и ладење (тригенерација) - поретко Во мал дел се користи и кај автомобилите, главно во јавниот превоз, но со оглед дека бара претходна подготовка, сè уште тешко може да се користи како автобуско гориво.

Наводи

Категорија:Биогорива Категорија:Биоенергија Категорија:Биоразградување Категорија:Управување со биоразградлив отпад Категорија:Анаеробно варење Категорија:Биомаса