Осианското друштво било ирско литературно друштво основано во Даблин на Денот на Свети Патрик во1853 година, добивајќи го своето име од поетскиот материјал поврзан со античкиот наратор Оисин.
Историја Меѓу основачките членови биле Џон О'Дејли, Вилијам Елиот Хадсон, Џон Едвард Пигот, Овен Конелано, Џон Виндел и Вилијам Смит О'Брајан, антикварот Стендиш Хејс О'Грејди беше главен член, а подоцна станал негов претседател. До 1860 година, списокот на претплатници броел 746 и биле издадени шест тома од „Трансакции“ а подготовките за понатамошни изданија биле во тек кога истото престанало со работа во 1863 година.
Групата на ирски научници произлегла од конкурентните друштва, како што се Келтското друштво и Ирското археолошко друштво, фокусирајќи се на превод на ирска литература од „фенискиот период на ирската историја“, поточно, митолошките дела на Оисин и Фијана, и оживувањето на ирскиот јазик . Манифестот предвидувал членството да биде целосно составено од ирски научници, со намера да се разликува од сличните друштва кои се грижат за интересите и влијанието на англо-ирските земјопоседници. Иако ваквите друштва имале веродостојни научници како членови-водичи, сепак се сметало дека продуцираната работа е под влијание на локалната доминација и нивните кралски (англиски) патрони.
Коресподенцијата помеѓу членовите на Друштвото открива нестабилен однос со други важни личности од тоа време, Јуџин О'Кари и оние од Кралската ирска академија и честопати биле фрустрирани во нивните обиди да пристапат до раните ракописи.
Категорија:Литературни друштва