Хусеин-паша Бољаниќ (? Бољаниќи, во близина на Пљевља – 1594) — отомански државник, по потекло од познатото семејство Бољаниќи, кое поседувало мал тимар во селото Бољаниќи. Предок на семејството бил српскиот трговец Бољан (или Бојан) Газдиќ, кој, по преобраќањето во ислам, бил наречен Бајрам-ага и го основал селото што го носи неговото име Бољаниќи.
Намесник на Херцеговскиот и Босанскиот Санџак мини|Хусеин-пашината џамија, во Пљевља Хусеин бил субаша на Попово Поле, намесник на Херцеговскиот Санџак, од март 1567 до март 1569 година. Потоа бил намесник на Босанскиот Санџак (ја изградил својата голема задужбина - џамија во Пљевља) до 1572 година.
Намесник во Мисир (Египет) и беглербег на Багдад Од 1572 година бил назначен за намесник на покраината Дијарбекир, во Мала Азија, а потоа за намесник на Мисир (Египет) со титула везир. По две години, се вратил во Цариград, за да биде споменат како беглербег на Багдад во 1585 година. Во 1594 година, со султански ферман бил назначен за босански намесник (беглербег на Босанскиот Пашалак, основан во 1580 година). Според податоците, одел и во Будим (освоена од Османлиите во 1541 година) кај Мехмед-паша (син на претходниот голем везир, Мехмед-паша Соколовиќ). Се претпоставува дека починал во 1594 година, а на негово место за беглербег на Босанскиот Пашалак, Портата, во 1595 година го назначила Смаил-паша (познат како Арпад).
Задужбини Хусеин-паша Бољаниќ оставил зад себе многу задужбини, од кои најпозната е Хусеин-пашината џамија во Пљевља, изградена во 1569 година.
Литература
Надворешни врски
Категорија:Паши Категорија:Отоманска Црна Гора Категорија:Починати во 1594 година Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Отомански управители на Дијарбекир Категорија:Отомански управители на Босна