десно|мини|320x320пкс|Мапа која го покажува протегањето на Месопотамија. Од север кон југ прикажани се Вашукани, Нинивија, Хатра, Асур, Нузи, Палмира, Мари, Сидар, Вавилон, Киш, Нипур, Исин, Лагаш, Урук, Чаракс Спасину и Ур. Месопотамија ( грчки: Μεσοποταμία, меѓуречје) во превод значи земја меѓу две реки, се нарекуваат областите, кои се наоѓаат меѓу реките Тигар и Еуфрат. На север граничи со планините на Ерменија, на југ достигнува до Персискиот Залив. На запад граничи со Сирија, а на исток - со планинските венци на Западен Иран. Во овие земји благодарение на реките Тигар и особено Еуфрат, слично како Нил во Египет, настанала една од најдревните цивилизации како сумерската, акадската, асирската, а во почетокот на 2000 години п.н.е. започнало обединување на скоро целата област околу градот Вавилон.
Историскиот регион на Месопотамија во Западна Азија, во денешно време приближно одговара на поголемиот дел од Ирак заедно со Кувајт, источните делови на Сирија, југоисточниот дел на Турција и регионите долж границите на Турција со Сирија и на Иран со Ирак."BBC - History - Ancient History in depth: Mesopotamia". Сумерците и Акадијците (вклучувајќи ги Асирците и Вавилонците) владееле во Месопотамија од почетокот на пишаната историја (околу 3100 п.н.е.), сè до паѓањето на Вавилон во 539 п.н.е., кога потпаднала под Ахеменидското Царство. Александар Велики го освоил Вавилон во 332 п.н.е., а по неговата смрт, Месопотамија станала дел од Селевкидската империја.
Околу 150 п.н.е. Месопотамија била под контрола на Партијското царство. Месопотамија станала бојно поле помеѓу Римјаните и Партите, при што западните делови на Месопотамија паднале под римска власт. Во 226 година, источниот дел го зазеле Сасанидските Персијци. Поделбата на Месопотамија меѓу Римјаните (Византија од 395 година) и Сасанидското Царство траела до муслиманското освојување на Персија во 7 век и муслиманското освојување на Левант од Византијците. Голем број новоасирски и христијански месопотамски држави постоеле помеѓу 1 век п.н.е. и 3 век од н.е., вклучувајќи ги Адијабена, Осроена и Хатра.
Месопотамија е едно од најстарите места на човечката цивилизација каде започнала неолитската револуција од пред околу 10.000 години п.н.е. и каде се случиле едни од најважните случувања во историјата на човекот, вклучувајќи го и пронајдокот на тркалото, садењето на првите житни култури и развојот на курзивното писмо, математиката, астрономијата и земјоделството.Milton-Edwards, Beverley (May 2003). "Iraq, past, present and future: a thoroughly-modern mandate?" . History & Policy. United Kingdom: History & Policy.
Потекло на поимот мини|Мапа на која е прикажан речниот систем Тигар-Еуфрат, кој ја опкружува Месопотамија. Топонимот Месопотамија ( "[земја] меѓу две реки"; bilād ar-rāfidayn; ; miyān rudān; Бет Нахрејн "земја на реки") потекнува од старогрчкиот корен μέσος ("средина") и ποταμός ("река") и се преведува како "(земја) меѓу (две) реки". Се користело во Септуагинтата (околу 250 п.н.е.) како превод на еврејскиот еквивалент Нахараим. Уште порано името Месопотамија на грчки било запишано во Анабазата на Александар, напишано кон крајот на 2 век од н.е., со извори од времето на Александар Велики. Во Анабазата, зборот Месопотамија се користел за означување на територијата источно од Еуфрат во северна Сирија.
Арамејскиот термин биритум / бирит нарим кореспондира со сличен географски концепт. Подоцна, терминот Месопотамија бил поопшто применет за сите земји меѓу Еуфрат и Тигар, со што не опишувал само делови од Сирија, туку и речиси целиот Ирак и југоисточна Турција. Соседните степи западно од Еуфрат и западниот дел од планините Загрос, исто така, често се вклучени под поширокиот термин Месопотамија.
Понатамошно дистинкција обично се прави помеѓу Северна или Горна Месопотамија и Јужна или Долна Месопотамија. Горната Месопотамија, исто така позната како Џазира, е областа меѓу Еуфрат и Тигар од нивните извори до Багдад. Долна Месопотамија е областа од Багдад до Персискиот Залив и го вклучува Кувајт и делови од западен Иран.
Во современата академска употреба, терминот Месопотамија често има и хронолошка конотација. Обично се користи за означување на областа до муслиманските освојувања, со имиња како Сирија, Џазира и Ирак, кои се користат за опишување на регионот по тој датум.
Географија мини|Карта на поважните градови во Месопотамија во 2 милениум п.н.е.
мини|Познатиот свет на културата во Месопотамија, Вавилон и Асирија. Месопотамија ја опфаќа територијата помеѓу реките Еуфрат и Тигар, од кои двете извираат во ерменските висорамнини. Двете реки имаат бројни притоки, а целиот речен систем наводнува голем планински регион. Патишта во Месопотамија обично го следат Еуфрат, бидејќи бреговите на Тигар се често стрмни и тешко проодни. Климата во регионот е полусува со огромно пустинско пространство на север, од каде на југ на површина од 15.000 квадратни километри се простираат мочуришта, лагуни и калливи рамнини . На крајниот југ, Еуфрат и Тигар се обединуваат и се влеваат во Персискиот Залив.
Сувата околина која се протега на северните области каде земјоделството зависи од дождот, до југот, каде што наводнувањето е од суштинско значење за земјоделството. Ова наводнување е потпомогнато од високото ниво на вода и со топењето на снегот од високите врвови на северните планини Загрос и од ерменските висорамнини, изворот на реките Тигар и Еуфрат, коишто на регионот му го дале името. Корисноста на наводнувањето зависи од способноста да се мобилизира доволна работна сила за изградба и одржување на каналите, а тоа, од најраниот период, помогнало во развојот на урбани населби и централизирани системи на политичка власт.
Земјоделството во целиот регион е дополнето со номадите, во шатор-живеалишта, чии овци и кози (и подоцна камили) од речните пасишта во сувите летни месеци, ги воделе на сезонски пасишта на работ на пустината во влажната зимска сезона. Во областа недостасувал градежниот камен, скапоцените метали и дрвата, па историски Месопотамија се потпирала на трговијата за да ги обезбеди овие предмети од оддалечените области. Во мочуриштата на југ, риболовот постоел уште од праисториските времиња.
Историја мини|325x325px|Една од 18 статуи на Гудеа, владетел околу 2090 п.н.е
Праисторијата на Стариот Близок Исток започнува во раниот палеолитички период, но пишувањето започна со пиктографско писмо во Уручкиот период IV (околу 4-от милениум п.н.е.) а документираниот запис за актуелните историски настани - и античката историја на долна Месопотамија - започнува во средината на третиот милениум п.н.е. со клинесто писмо на раните династички кралеви и завршува со доаѓањето на Ахеменидското Царство кон крајот на 6 век п.н.е., или со муслиманското освојување и воспоставувањето на Калифатот во доцниот 7 век, кога регионот станал познат како Ирак. Во овој период во Месопотамија се наоѓале некои од најстарите високо развиени и општествено сложени држави во светот.
Регионот бил еден од четирите речни цивилизации каде што било измислено пишувањето, заедно со долината Нил во Египет, цивилизацијата по долината на Инд во индискиот потконтинент и Жолтата река во Кина. Во Месопотамија биле сместени историски важни градови како што се Урук, Нипур, Ниневија, Асур и Вавилон, како и големи територијални држави, како што се градот Ериду, акадските кралства, третата урска династија и разните асирски империи. Некои од важните историски водачи на Месопотамија биле Ур Наму (кралот на Ур), Саргон од Акад (кој ја основал Акадската империја), Хамураби (кој ја основал старата вавилонска држава), Ашур-убалит II и Тиглат-Пилесер I (кој го основал Асирското царство).
Генетските истражувачи велат дека нашле докази дека четири од петмина (80%) бели Европејци можат своите корени да ги пронајдат на Блискиот Исток. Во една друга студија, научниците анализирале ДНК од пред 8.000 години пронајдени на стари гробишта во Германија. Тие генетскиот материјал го споредиле со оној на современото население и откриле сличности со ДНК на луѓето што живеат во денешна Турција и Ирак
Периодизација Праисторија Предкерамиски неолит А (10.000-8700 п.н.е.) Предкерамиски неолит Б (8700-6800 п.н.е.) Хасунска култура (~6000 bc–? п.н.е), Самарска култура (~ 5700 п.н.е.-4900 п.н.е.) и Халафска култура (~ 6000 п.н.е.-5300 п.н.е. ) Убаидски период (~ 5900-4400 п.н.е.) Уручки период (~ 4400-3100 п.н.е.) Џемдет насрски период (~ 3100-2900 п.н.е.) Рано бронзено време Ран династички период (~ 2900-2350 п.н.е.) Акадско царство (~ 2350-2100 п.н.е.) Трета династија на Ур (2112-2004 п.н.е.) Рано Асирско царство (од 24 до 18 век п.н.е.) Средно бронзено време Рана Вавилонија (од 19 до 18 век п.н.е.) Прва вавилонска династија (од 18 до 17 век п.н.е.) (околу 1620 п.н.е.) Доцно бронзено време Стар асирски период (16-ти до 11 век п.н.е.) Среден асирски период (околу 1365 п.н.е. - 1076 п.н.е.) Касити во Вавилон, (околу 1595 п.н.е. - 1155 п.н.е.) Колапс на доцното бронзено време (од 12 до 11 век п.н.е.) Железно доба Новохетитски држави (11-ти до 7 век п.н.е.) Новоасирско царство (10-ти до 7 век п.н.е.) Нововавилонско царство (7-ми до 6 век п.н.е.) Класична антика Персиска Вавилонија, Ахеменидска Асирија (6-ти до 4 век п.н.е) Селевкидска Месопотамија (од 4 до 3 век п.н.е.) Партијска Вавилонија (3 век п.н.е. до 3 век од н.е.) Осроена (2 век п.н.е. до 3 век од н.е.) Адијабена (од 1 до 2 век од н.е.) Хатра (од 1 до 2 век од н.е.) Римска Месопотамија (од 2 до 7 век), Римска Асирија (2 век) Доцна антика Асуристан (од 3 до 7 век) Муслиманско освојување (средината на 7 век)
Јазик и писмо алт=Square, yellow plaque showing a lion biting in the neck of a man lying on his back|десно|мини|Релјеф на слонова коска. Новоасирски период од 9 до 7 век п.н.е Најстариот пишан јазик во Месопотамија бил сумерскиот, аглутинативен јазичен изолат. Заедно со сумерскиот, семитски јазици, во Месопотамија исто така се зборувале и семитските јазици. СубартуFinkelstein, J.J. (1955), "Subartu and Subarian in Old Babylonian Sources", (Journal of Cuneiform Studies Vol 9, No. 1) јазик на Загрос, веројатно поврзан со Хуритско-урартското јазично семејство се потврдува во личните именки, реки и планини и различни занаети. Акадскиот јазик бил доминантен во Акадското царство и Асирските царства, но сумерскиот бил задржан за административни, верски, книжевни и научни цели. Разни варијанти на акадски јазик се користеле до крајот на нововавилонскиот период. Староарамејскиот кој станал општ во Месопотамија, бил административен јазик на првата новоасирска империја а потоа и на ахеменидската империја. Акадскиот јазик почнал помалку да се користи иако заедно со сумерскиот со векови продолжил да се користи во храмовите. Последниот акадски текст датира од доцниот 1 век од нашата ера.
Во раната историја на Месопотамија (околу средината на 4 милениум п.н.е.) било измислено клинестото писмо на сумерскиот јазик. Клинесто писмо буквално значи "облик на клин", поради триаголниот врв на иглата што се употребува за знаците на влажна глина. Се чини дека стандардната форма на секој клинест знак е развиена од пиктограми. Најраните текстови (7 таблички) потекнуваатод Е, храм посветен на божицата Инана во Урук. мини|Сумерско-акадски лексикон. Глина, средина на 1 век п.н.е (копија од постар оригинал). Од Варка, поранешен Урук. Стариот логографички систем на клинесто писмо барал многу години за да се совлада. Затоа, само ограничен број поединци биле ангажирани како писари. Масивни архиви на текстови биле пронајдени од школите на древните вавилонски писмени училишта преку кои се ширела писменоста.