Месен народен одбор Кадино ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Историја Месниот народен одбор Кадино бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Идризово, Кадино и Мралино. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино останал територијално непроменет. МНО Кадино тогаш припаѓал во Скопската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Кадино бил проширен со селата Јурумлери и Трубарево, на сметка на укинатиот МНО Маџари. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Кадино бил укинат на сметка на проширената Општина Петровец која ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, како и на сметка на проширениот Град Скопје кој го добил Трубарево.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Кадино имал 1,501 жител, односно вкупното население на Идризово, Кадино и Мралино. Од таа бројка, 1,047 биле Македонци, 214 биле Срби, 127 биле Албанци, 95 биле Турци, 4 биле Хрвати, 1 бил Црногорец, додека 1 бил Романец.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Кадино Кадино Кадино Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија