„Човечки глас“ (француски: La Voix humaine) — едночинка на францускиот писател Жан Кокто, напишана во 1928 година, а премиерно прикажана во театарот „Француска комедија“ на 17 февруари 1930.Žan Kokto, Toma varalica. Kultura, Beograd, 1962, стр. 149.
Содржина Една жена разговара по телефон со својот маж, кој неодамна ја напуштил. Разговорот е испрекинат, зашто во телефонската линија се мешаат повеќе гласови, а покрај тоа, врската често се прекинува. На почетокот од разговорот, жената настојува да се прикаже како цврста, но потоа признава дека е очајна, дека тагува, дека не може да живее сама и дека се обидела да изврши самоубиство, испивајќи поголем број апчиња за спиење. По некое време, додека му кажува дека го сака, мажот го прекинува разговорот.Žan Kokto, Toma varalica. Kultura, Beograd, 1962, стр. 149-167.
За драмата Во предговорот, авторот ги објаснува своите мотиви поради кои ја напишал едночинката: побудата да пишува, сеќавањето на еден телефонски разговор; критиките дека премногу се потпира на мизансценот, дека работи механички и дека премногу ги монтира своите драмски дела; намерата да создаде реалистичен театар; како и намерата да напише дело кое не може да се чита. Притоа, тој негира дека со едночинката се обидува да даде решение на некој психолошки проблем, а најпосле објаснува дека драмата му ја понудил на театарот „Француска комедија“ за да ја прекине предрасудата која младите театри ја имаат кон официјалната сцена.Žan Kokto, Toma varalica. Kultura, Beograd, 1962, стр. 143-145. Во продолжение, Кокто дава упатства за поставеноста на сцената и за декорот: сцената треба да биде сведена на минимум; глумицата треба да зборува на телефон постојано менувајќи ја положбата на телото, а на крајот треба да падне на креветот; притоа, секоја нејзина поза треба да послужи за една фаза од монологот-дијалогот; нејзината облека и мебелот треба да бидат бели; авторот ѝ препорачува на глумицата да не внесува иронија и да не покажува огорченост; најпосле, треба да се почитува текстот, заедно со неговите грешки, со повторувањата, со стилските пресврти и со едноставноста, кои се резултат на грижливо одмерување.Žan Kokto, Toma varalica. Kultura, Beograd, 1962, стр. 146-148.
Врз основа на едночинкава, во 2020 година, шпанскиот режисер Педро Алмодовар го снимил истоимениот филм.Ciklus filmova Pedra Almodovara: Ljudski glas, španjolski film (пристапено на 16.1.2023)
Наводи
Категорија:Дела на Жан Кокто Категорија:Француски драми