Емили Голдблум (моминско: Ливингстон; родена на 4 јануари 1983 годин) е канадска танчерка, воздушен изведувач и конторционист, и пензионирана олимписка ритмичка гимнастичарка. Кариера На 10 годишна возраст, таа се преселила во Русија (во Новогорск во близина на Москва) за да тренира со руски ритмички гимнастичари и руски тренери, како што се Ирина Винер и Луси Димитрова.
Ливингстон била три пати национален шампион на Канада во ритмичка гимнастика. Таа ја претставувала Канада на Панамериканските игри во 1999 година во Винипег, Манитоба, освојувајќи го златниот медал во поединечен повеќебој. Таа, исто така, ја претставувала Канада на Летните олимписки игри во 2000 година во Сиднеј, Австралија, пласирајќи се на 18-то место во поединечен повеќебој.
Во филмот „Валеријан и градот на илјада планети“, Ливингстон била дублер на Ријана при изведувањето на сцената со танц на шипка на Бабл. Таа била дублер и за воздушната работа на Ема Стоун во „Ла Ла Ленд“.
Личен живот Татко и потекнува од Канада а мајка и потекнува од Франција. Ливингстон се омажила за американскиот актер Џеф Голдблум на 8 ноември 2014 година. Тие имаат два сина заедно, родени во 2015 и 2017 година.
Натпреварувачка историја Година Настан Тим АА Клубови Обрач Ребро. Јаже 1998 година Игри на Комонвелтот 2 3 1999 година Панамерикански игри 1 Светски првенства 26 2000 година Олимписки игри 18
Наводи
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Гимнастичарки