Витачишта (; до 1956 г. Βιτάστα, ВитастаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Ениќој на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 429 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северозападното подножје на планината Кушница, на 54 км југоисточно од градот Сер и на 12 км северно од Радулево, на надморска височина од 140 м.
Историја Во Отоманско Царство
Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година е забележано дека Витачишта има 43 домаќинства.Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
Во XIX век Витачишта било мешано грчко-турско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Витаста (Βιτάστα) живееле 900 Грци и 300 Турци.Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Виталчишта (Vitalchischta) имало 299 домаќинства со 90 жители муслимани и 700 жители ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147. Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Витачиста (Виташта) имало 20 македонски, 106 грчки и 28 турски домаќинства.
Во 1891 година Георги Стрезов напишал:Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1.375 жители, од кои 1.100 Грци, 175 Турци и 100 Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 182. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.650 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 853 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 851 лица.
Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 175 бегалци, така што селото станало мешана населба.
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.738 жители.
Во 1956 година, селото било преименувано во Кринида (Κρηνίδα).
Стопанство Витачишта располага со мошне плодно обработливо земјиште, од кое дел се наводнува. Населението одгледува пред сѐ памук и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството, посебно на краварството.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на пресв. Богородица“ од XIX век Училишта
Витачишко училиште — прогласено за споменик на културата
Наводи
Категорија:Ениќој (општина)