Клаудио Абадо (италијански: Claudio Abbado) e роден на 26 јуни 1933 г. во Милано, Италија. Италијански диригент. Абадо студирал пијано, компонирање и диригирање на Конзерваториумот "Џузепе Верди" пред да почне со диригирање во Виена. Долг период го поврзуваа со Миланската скала (1968-86 г.) како главен диригент, а пред сѐ, како уметнички директор, како и со Виенската филхармонија и со Лондонскиот симфониски оркестар. Во 1989 г. го наследи Херберт фон Карајан како постојан диригент и уметнички директор на Берлинската филхармонија. Познат е по своите заложби за поставување интересни програми, вклучувајќи модерна музика.

thumb|upright 1.2|Адабо во 2006

Категорија:Италијански диригенти Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Добитници на Волфовата награда за уметност Категорија:Заповедници на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Починати во 2014 година Категорија:Родени во 1933 година