Чеково (, Цекова) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓало високо на планината Сминица, околу 5 км северозападно од селото Анасташа и источно од градот Сер, на надморска височина од 800 м.
Историја Во XIX век Чеково било турско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Чеково имало 190 жители Турци.
Во Првата балканска војна Чеково е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало за време на Балканските војни, во пописот од 1913 година селото се води како разурната населба.
Селото било обновено по 1923 г. кога во него биле сместени околу 50 жители, најверојатно сточари. Наскоро потоа селото целосно се распуштило бидејќи е избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Историски села во Зелјахово