thumb|290px|десно|Типична панорама на Сан Луис Сан Луис () е покраина во Аргентина сместена во географскиот центар на земјата (на 32º јужна паралела). Соседни покраини почнувајќи од север се Ла Риоха, Кордоба, Ла Пампа, Мендоса и Сан Хуан.
Стопанство Најразвиена стопанска гранка во Сан Луис е земјоделството. Најчесто се одгледува пченка и од животните говеда. Додека во градовите од индустријата најзастапено е производството на машини, текстил, керамика, пластика и хартија. од минералите пак имаме рудници на варовник и мермер, но исто така на волфрам, ураниум и сол.
Туризам Иако Сан Луис не е некое привлечно одредиште на странските туристи, покраината сепак ја посетуваат домашните. Има богати извори на минерални води и со тоа има голем број на бањи како Villa de Merlo. Интересен е исто така националниот парко во главниот град Sierra de las Quijadas, и парковите Valle del Conlara, Potrero de los Funes.
Административна поделба Покраината има 9 департмани (departamentos).
Департмент Главен град Ајакучо Сан Франциско де Монте де Оро Белграно Вилја Генерал Рока Капитал Сан Луис Чакабуко Конкаран Коронел Прингелс Ла Тома Генерал Педентера Вилја Мерцедес Гобернадор Дупуј Буена Есперанса Хунин Санта Роса Либертадор Генерал Сан Мартин Либертадор Генерал Сан Мартин
Површина Сан Луис (појаснување) Административна поделба на Аргентина
Надворешни врски Управен портал на покраината Сан Луис Туризам: Сан Луис
Категорија:Покраини во Аргентина Категорија:Држави и територии настанати во 1820 година