Аркудохор (, Аркохори; книжевно: Αρκοχώριον, Аркохорион; до 1934 година: Αρκουδοχώρι, АркудохориΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρκουδοχώριον - Αρκοχώριον) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри јужно од градот Негуш, на надморска височина од 600 метри. Вкупниот селски атар зафаќа површина од 17 квадратни километри.

Сместено е на источните падини на планината Каракамен.

Историја

Населението во минатото имало грчко и македонско потекло, но македонското било одамна асимилирано од грчкото. К’нчов и Бранков погрешно го споменуваат како македонска населба.

Во 1934 година, името на селото било преименувано во Аркохори (Αρκοχώρι).

Стопанство

Селото Аркудохор е доста пасивно, а населението главно се занимава со овоштарство, со експлоатација на шумите и со сточарство.

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 240 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Аркудохор имало 320 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.

Селото во пописот од 1913 година било забележано со 447 (од кои 266 мажи и 181 жена), во 1920 година со 446, во 1928 година со 512, во 1940 година со 670, во 1951 година со 715 и во 1961 година со 675 жители. Во 1971 година, поради иселувањето на поголем број семејства во поголемите градови во земјата и во странство, бројот на населението се намалил на 375, а во 1981 година на 206 жители. Во пописот од 1991 година се покажало зголемување, бидејќи биле забележани 312 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 332 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 256 жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Аркудохор, во кој е единствено село.

Наводи

Белешки

Категорија:Негуш