мини|Однос помеѓу половината и колковите Струк или половина — делот од абдоменот помеѓу градниот кош и колковите. Нормално, тоа е најтесниот дел од трупот.

Поимот „струк“ се однесува на водорамната линија каде што струкот е најтесен или на општиот изглед на струкот.

Структура Поради ова и бидејќи струкот често е истозначник за стомакот, може да се збуни човек во однос на точната местоположба на струкот. Друг збунувачки чинител е тоа што обемот на струкот се разликува кај различни луѓе. Едно истражување покажало дека мерењата што ги пријавил самиот човек, за разлика од мерењата направени од техничар, го потценувале обемот на струкот и ова потценување се зголемувало со зголемување на големината на телото. Во студијата, обемот на струкот измерен на ниво на папокот бил поголем од оној измерен на природниот струк.

За да се определи местото на природниот струк, едноставно треба да се стои исправено, а потоа да се навали на страна, држејќи ги нозете и колковите исправени. Таму каде што се наборува трупот е природниот струк.

Големина

Мерење на обемот на струкот Строго земено, обемот на половината се мери на ниво на средина помеѓу најниското опипливо ребро и илијачниот гребен. Ова е дефиницијата што ја користи Светската здравствена организација.

Практично кажано, обемот на половината обично се мери на најмалиот обем на природниот обем на половината, обично веднаш над папокот. Кога обемот на половината е конвексен, а не конкавен, како при бременост и дебелина, обемот на половината може да се мери на вертикално ниво 2,5 сантиметри над папокот. Некои лаици го користат нивото кај папокот, но ова може да доведе до потценување.

Кога се користи автоматски скенер за тело кој произведува точкест облак, од самото скенирање не може да се одреди местоположбата ниту на коските ниту на папокот. Често користена дефиниција е обемот на 4 см над малиот дел од грбот (SOB), иако ова не изгледа како најдобро решение за строгата дефиниција, а 2 см над SOB изгледаат подобро (во примерок од 106 жени со различна возраст, висина, тежина и облик на тело).

Променливи како што е држењето на телото значително влијаат на мерењето на обемот на струкот, и затоа сите мерења на група треба да одржуваат постојана положба кај испитаниците.

Однос струк-колкови Односот струк-колкови е односот на обемот на струкот со обемот на колковите. Тој го мери процентот со кој мастите се распределени околу трупот.

Големина и здравје Големината на струкот (обем на струкот) е показател за абдоминална дебелина и е еден од критериумите за дијагностицирање на метаболички синдром. Вишокот на абдоминални масти е чинител на ризик за развој на срцеви заболувања и други болести поврзани со дебелина. Истражување објавено во European Heart Journal во април 2007 година покажало дека обемот на струкот и односот струк-колкови (дефиниран како обем на струкот поделен со обем на колковите) ги предвидуваат кардиоваскуларните настани. Националниот институт за срце, бели дробови и крв на САД го класифицира ризикот од болести поврзани со дебелина како висок ако мажите имаат обем на струкот поголем од 102 сантиметри и жените имаат обем на струкот поголем од 88 сантиметри. Понатаму, обемот на струкот се чини дека подобро ги предвидува негативните здравствени исходи отколку показателот на телесна маса (ПТМ). На пример, кревачите на тегови може да имаат висок ПТМ, но се изложени на релативно низок ризик од кардиоваскуларни последици. За овие луѓе, обемот на половината може да биде подобар показател за целокупното здравје.

Некои истражувања сугерираат дека обемот на струкот може да се предвиди од функцијата на мозокот, со што се опфаќа невробихевиоралната патофизиологија на дебелината.

Крајно високиот обем на половината може да доведе до лажно ниски проценки за здравјето на коските при користење на трабекуларниот коскен скор.

Општество и култура

Мода Во модерната облека, пределот наречен струк е значително под струкот, како што е анатомски дефинирано. Со појавата на панталоните и здолништата на кои не им е потребна потпора одозгора, струкот на облеката се помести надолу во позиција каде што телото почнува да се шири за да го образува задникот и затоа е достапна потпора. Сепак, пределот на струкот останува многу важна мерка и антропометриска ознака во конструкцијата на облеката.

Намалување и обликување на струкот Намалување на струкот или обликување на струкот се однесува на носење корсет или друга стеснувачка облека за намалување или промена на обемот на струкот. Четирите лебдечки ребра може трајно да бидат притиснати или поместени од таквата облека. Појас може да се користи и за промена на изгледот на струкот.

Намалувањето на обемот на струкот може да се користи едноставно за намалување на ширината на струкот. Оваа промена може да биде трајна или привремена.

Поврзано Абдоминална дебелина Стомачен танц Измена на телото Човечко тело Папок Однос струк-колкови Однос струк-висина

Наводи

Надворешни врски

Measured average height, weight, and waist circumference for adults ages 20 years and over (U.S.)

Категорија:Стомак Категорија:Струк