Жереми Бога (роден на година, во ) — француско-брежански фудбалер, напаѓач на , на заем од , и на репрезентацијата на Брег на Слоновата Коска.

Биографија Жереми Бога е роден во Марсеј, Франција, од родители со потекло од Брегот на Слоновата Коска.

Технички карактеристики Напаѓачки крилен играч по двете страни, но најчесто игра лево, што му овозможува навлегување кон средината со посилната десната нога. Исто така, благодарение на неговата разноврсност на теренот, може да дејствува и како втор напаѓач или како офанзивен играч од средниот ред. Тој се издвојува и по својата визија и квалитетни додавањата, а има и одличен шут од кратка и средна далечина.

Клупска кариера Почетоци, Челси и позајмици Во 2008 година, Бога му се приклучи на Челзи од АСПТТ Марсеј, како млад кога се преселил со своето семејство во Лондон, каде што работел неговиот татко. Откако импресионирал во Академијата на Челси, тој си го заработи првиот професионален договор, кој му овозможил да остане во клубот од Лондон до 2017 година.

Тој бил повикан и се нашол на клупата за последниот натпревар на Челси во сезоната 2014–2015, победата со 3–1 против Сандерленд во Премиер лигата, но останал неискористена замена.

На 31 август 2015 година, Бога се приклучил на екипата на Рен, на едногодишна позајмица со цел да стекне повеќе првотимско искуство по импресивниот престој во младинскиот систем на Челси. На 28 ноември го постигнал својот прв гол во Лига 1, во ремито 2-2 на гости против Ремс; сепак, во текот на сезоната, тој не ја пронашол минутажата на која се надевал и постигна само уште еден гол во 27 првенствени натпревари.

На 6 јули 2016 година, тој заминал на нова позајмица, во шпанскиот клуб . На 28 август, тој го постигнал својот прв гол во Примера Дивисион, во поразот со 1-5 на гостувањето кај . На 2 април 2017 година, Бога го постигнал израмнувачкиот гол во натпреварот против Барселона, загубен на крајот со 4–1.

Бога се вратил во Челси за сезоната 2017–2018 и неочекувано го започнал нивниот прв натпревар за сезоната против Барнли во Премиер лигата. Сепак, тој бил заменет уште во 18-тата минута откако Гари Кејхил бил исклучен. Откако потпишал нов тригодишен договор со Челси, на 28 август 2017 година, тој бил позајмен на Бирмингем Сити во Чемпионшип. Својот прв гол во дресот на Бирмингем Сити го постигнал на 25 ноември, во ремито 1-1 на гостувањето кај , погодок кој подоцна бил избран за гол на сезоната на клубот. За време на својот престој во Бирмингем, тој успеал да се избори за место во почетната постава завршувајќи ја сезоната со 34 настапи и 2 гола.

Сасуоло и Аталанта На 21 јули 2018 година, Бога бил купен од за околу четири милиони евра. Тој го направил своето деби на 12 август во натпреварот од Купот на Италија, добиен со 5-1 против , заменувајќи го Федерико Ди Франческо во 75-тата минута од натпреварот. Седум дена подоцна, тој исто така дебитирал во Серија А, во победата на домашен терен против . На 16 март 2019 година, го постигнал својот прв гол во дресот на Сасуоло во поразот со 3-5 од ; во текот на сезоната, тој постигнал уште два гола, завршувајќи ја првата сезона во Италија со 25 натпревари и три гола. Следната година, тој станал редовен стартер на „неровердите“, прикажувајќи одлични перформанси и постигнувал голови дури и против реномирани екипи како Интер, и . Првенството го завршил со 34 одиграни натпревари, 11 голови и 2 асистенции.

По уште една и пол сезона во Сасуоло, на 24 јануари 2022 година, тој се преселил на позајмица во . Своето деби со тимот од Бергамо го имал на 6 февруари, во поразот на домашен терен (1-2) од , додека четири дена подоцна го постигнал својот прв гол за Аталанта, во четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија 2021-2022 загубен од со 3-2. На 17 февруари, тој го направил своето деби во УЕФА Лига Европа, во плејоф натпреварот против добиен со 2-1 на „Џевис“; еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол во натпреварувањето, решавачкиот за успехот со 1-0 над . На 15 јануари 2023 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А со Аталанта, отворајќи го резултатот во успехот со 8-2 над .

Ница и Јувентус На 25 јули 2023 година, Бога потпишал за во трансфер вреден околу 18 милиони евра, враќајќи се во француската Лига 1, седум години по неговото претходно искуство во неа со Рен. Дресот на Ница го носел во следните две ипол сезони, играјќи 73 натпревари и постигнувајќи 11 голови за клубот во тоа време. На 30 ноември 2025 година, по серија од шест последователни порази, Бога и неколку други играчи на Ница биле нападнати од навивачи додека излегувале од автобусот на тимот по нивниот пораз со 3–1 на гости против Лорјан. После тој настан, Бога никогаш повеќе не го облекол дресот на Ница.

На 1 февруари 2026 година, тој се преселил во , на позајмица со право на откуп за 4,8 милиони евра. Четири дена подоцна, тој го имал своето деби за „бјанконерите“, влегувајќи во игра на местото на Федерико Гати во четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија, загубен со 3-0 на гостински терен од неговиот поранешен клуб Аталанта. Три дена подоцна, на своето деби за тимот од Торино во лигата против Лацио, влегувајќи од клупата, тој асистирал за погодокот на Пјер Калулу во судиското продолжение со кој резултатот бил изедначен на 2-2.

Репрезентативна кариера Тој поминал низ младинските француски репрезентации под 16 и под 19 години.

Во јуни 2017 година, тој бил повикан во репрезентацијата на Брег на Слоновата Коска за двата пријателски натпревари закажани на 4 и 10 јуни, против и , соодветно. Своето деби го направил во натпреварот против Гвинеја, влегувајќи како замена за Жан Сери во 77-мата минута.

Тој бил повикан за Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун, неговиот прв репрезентативен турнир, на кој „Слоновите“ стигнале до осминафиналето.

На 28 декември 2023 година, тој бил вклучен во списокот од 27 играчи на Брегот на Слоновата Коска избрани да ја претставуваат земјата на Африканскиот куп на нации 2023 на домашен терен. Бога настапил во четири натпревари на турнирот, но не играл во финалето, добиено со 2-1 против со што Брегот на Слоновата Коска го освоила натпреварувањето, остварувајќи ја својата трета титула во најсилното африканско меѓународно натпреварување.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2014-2015 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК - - ЛШ - - - - - 0 0 2015-2016 Л1 27 2 КФ+ЛКФ 2+2 1+0 - - - - - - 31 3 2016-2017 ПД 26 2 КШ 1 0 - - - - - - 27 2авг. 2017 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК - - ЛШ - - КШ 0 0 1 0Вкупно Челси 1 0 0 0 - - - - 1 0 2017-2018 ФЛЧ 31 2 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 34 2 2018-2019 А 25 3 КИ 2 0 - - - - - - 27 3 2019-2020 А 34 11 КИ 1 0 - - - - - - 35 11 2020-2021 А 27 4 КИ 1 0 - - - - - - 28 4 2021-јан. 2022 А 12 0 КИ 0 0 - - - - - - 12 0Вкупно Сасуоло 98 18 4 0 - - - - 102 18 јан.-јун. 2022 А 15 0 КИ 1 1 ЛЕ 6 1 - - - 22 2 2022-2023 А 23 2 КИ 2 0 - - - - - - 25 2Вкупно Аталанта 38 2 3 1 6 1 - - 47 4 2023-2024 Л1 28 6 КФ 1 0 - - - - - - 29 6 2024-2025 Л1 21 1 КФ 0 0 ЛЕ 3 2 - - - 24 3 2025-фев. 2026 Л1 14 2 КФ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2+4 0+0 - - - 20 2Вкупно Ница 63 9 1 0 9 2 - - 73 11 фев.-јун. 2026 А 1 0 КИ 1 0 ЛШ - - - - - 2 0Вкупно во кариерата 285 35 17 2 15 3 - - 317 40

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Брег на Сл. Коска201710202161202230202340202491202520Вкупно252

Титули Клупски Челси ФА куп за млади : 2 2013-2014, 2014-2015 УЕФА Младинска лига : 1 2014-2015

Репрезентативни Брег на Слоновата Коска Африкански куп на нации : 1 Брег на Слоновата Коска 2023

Наводи

Надворешни врски

Жереми Бога на fbref Жереми Бога на transfermarkt Жереми Бога на espn Жереми Бога на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Француски фудбалери Категорија:Брежански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Гранада Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Ница Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Луѓе од Марсеј