Вилемит — силикатен минерал базиран на цинк, неговата формула е . Тој е високо флуоресцентен (зелен) под краткобранова ултравиолетова светлина. Вилемитот се јавува во различни бои, во влакнести и во јаболко-зелени скапоцени форми. Тростит е варијанта кај која дел од цинкот е делумно заменет со манган, и се јавува во цврсти кафеави форми.

Тој бил окриен во 1829 година во белгискиот рудник Виеј-Монтањ. На Арманд Леви му биле покажани примероци од студент на универзитетот каде што предавал. Леви го именувал минералот по Вилијам I од Холандија.Klein, Cornelis (2007). Сортата тростит била именувана по холандско-американскиот минералог Жерар Трост.

Појава лево|мини|160x160пкс|Вилемит од Њу Џерси Вилемитот обично се формира поради промена на претходно постоечките сфалеритни рудни тела и обично се поврзува со варовник. Исто така, се наоѓа во мермер и може да биде резултат на метаморфизам на претходен хемиморфит или смитсонит. Кристалите имаат форма на хексагонални призми што завршуваат со ромбоедарски рамнини: постојат јасни расцепувања паралелни со површините на призмите и со основата. Грануларните и расцепните маси се почеста појава. Се јавува на многу места, но е најпознат од Аризона и наоѓалиштата на цинк, железо, манган во рудниците Франклин и Стерлинг Хил во Њу Џерси. Често се јавува со црвен цинцит (цинк оксид) и франклинит (минерал од цинк богат со железо кој се јавува во остри црни изометриски октаедарски кристали и маси). Франклинитот и цинцитот не се флуоресцентни.

Употреба Вештачкиот вилемит бил користен како основа за фосфорни флуоресцентни цевки од прва генерација. Кога е допиран со јони на манган, тој флуоресцира со широка бела емисиона лента. Кај некои верзии дел од цинкот е заменет со берилиум. Во 1940-тите, тој бил во голема мера заменет со халофосфори од втора генерација базирани на флуорапатит. Овие, пак, биле заменети со трифосфорни фосфори од трета генерација.Klein, Cornelis (2007).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Триаголни минерали Категорија:Минерали на цинкот Категорија:Незосиликати