Cuscuta europaea - паразитско растение кое потекнува од Европа, i кое припаѓа на семејството повивки, но порано било класифицирано во семејството вилина коса. Расте на главоцветни, конопи, штирови, бобови, коприви и други тревни растенија, вклучувајќи градинарски растенија како што се Coleus и Impatiens, а повремено и на Humulus.Poland J, Clement EJ. 2020. Vegetative Key to the British Flora. John Poland, Southamption, Second Edition. Ова е значаен паразит на луцерката (Medicago sativa). Во многу региони, вклучувајќи ги и Источните Хималаи во Непал, овој вид се користи како традиционален лек за лекување на заболувања на црниот дроб.

Опис Долгите тенки стебла на C. europaea се жолтеникави или црвеникави. Тие имаат инфлоресценција која се создава странично по должината на стеблата, цветовите се распоредени компактно со малку до многу цветови. Чашката е обратноконусовидна, голема 1,5 мм, и има форма на чаша со 4 или 5 чашки. Венчето е ѕвончевидно, по прецветувањето е пехаресто. Прашниците се покуси од венечните сегменти.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 61-62, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Распространетост Cuscuta europaea сега може да се најде и во Јапонија и Алжир, како и во Северна Африка, Западна Азија и Европа. Во Индија и Пакистан, видот се јавува на Хималаите, протегајќи се од Кашмир до Сиким на надморска височина од 3.600 метри.

Најчесто се развива врз различни тревести растенија. Во Македонија овој вид го има на планината Караџица, во Маврово, на Кораб, Галичица, Баба Сач, главно овој вид е врзан за планинскиот појас.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Паразитски растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј