Нозеан е минерал од фелдспатоидната група со формула: Na8(Al6Si6O24)(SO4)·H2O. Формира изометриски кристали со променлива боја: бела, сива, сина, зелена до кафеава. Има Мосова тврдост од 5,5 до 6 и специфична тежина од 2,3 до 2,4. Флуоресцентен е. Се наоѓа во ниско-силициумски магматски карпи. Постои цврст раствор помеѓу нозеан и хауин, кој содржи калциум.

Првпат бил опишан во 1815 година од Рајнската област во Германија и е именуван по германскиот минералог К.В. Нозе (1753–1835). Минералот е редок, но широко распространет, пронајден на различни локации како што се океанските острови (на пр.Тахити) и планинскиот венец Ла Сал во Јута.

Наводи

Категорија:Коцкести минерали Категорија:Сулфатни минерали Категорија:Минерали на алуминиумот Категорија:Минерали на натриумот