мини|Рудолф Клаузиус Рудолф Јулиус Емануел Клаузиус (2 јануари 1822 – 24 август 1888) бил германски физичар и математичар и се смета за еден од централните основачи на термодинамиката. Со неговото преформулирање на принципот на Сади Карно познат како Карноов циклус, на топлинската теорија ѝ дал повистинита и поцврста основа. Неговиот најважен труд, „За движечката сила на топлината“, Contains English translations of many of his other works. објавен во 1850 година, првпат ги навел основните идеи на вториот закон за термодинамика. Во 1865 година го вовел концептот на ентропија. Во 1870 година ја вовел виријалната теорема, која се однесувала на топлината.
Живот Клаузиус бил роден во Кеслин (сега Кошалин, Полска) во покраината Померанија во Прусија. Неговиот татко бил протестантски пастор и училишен инспектор. Рудолф студирал во училиштето на својот татко. Во 1838 година, тој отишол во гимназијата во Штетин. Клаузиус дипломирал на Универзитетот во Берлин во 1844 година, каде што студирал математика и физика од 1840 година со Густав Магнус, Петер Густав Лежун Дирихле и Јакоб Штајнер и историја со Леополд фон Ранке. Во 1848 година докторирал на Универзитетот во Хале на тема оптички ефекти во атмосферата на Земјата. Во 1850 година станал професор по физика на Кралското артилериско и инженерско училиште во Берлин и приватен доцент на Берлинскиот универзитет. Во 1855 година станал професор на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, каде што останал до 1867 година. Во текот на таа година, се преселил во Вирцбург, а две години подоцна, во 1869 година, во Бон.
Во 1870 година, Клаузиус организирал корпус за брза помош во Француско-пруската војна. Таму бил ранет во битка, при што се здобил со траен инвалидитет. За неговите заслуги бил награден со Железен крст.
Работа Докторската теза на Клаузиус, која се однесувала на прекршувањето на светлината, предложува дека гледаме сино небо во текот на денот и разни нијанси на црвена боја при изгрејсонце и зајдисонце (меѓу другите феномени) поради одбивање и прекршување на светлината. Подоцна, Џон Страт покажал дека тоа всушност се должи на расејувањето на светлината.
Неговиот најпознат труд, „За движечката сила на топлината и законите на топлината што можат да се заклучат од неа“ (гер. Ueber die bewegende Kraft der Wärme). See English Translation: On the Moving Force of Heat, and the Laws regarding the Nature of Heat itself which are deducible therefrom. Phil. Mag. (1851), series 4, 2, 1–21, 102–119. Also available on Google Books., бил објавен во 1850 година и зборува за механичката теорија на топлината. Во овој труд тој покажал дека постои контрадикција помеѓу Карноовиот принцип и концептот на зачувување на енергијата. Клаузиус ги повторил двата закона на термодинамиката за да ја надмине оваа контрадикција. Овој труд го направил познат меѓу научниците. (Третиот закон го развил Валтер Нернст, во текот на годините 1906–1912).
Во текот на 1857 година, Клаузиус придонел во областа на кинетичката теорија откако го усовршил едноставниот гасно-кинетички модел на Август Крониг со тоа што ги вклучил и транслациските, ротационите и вибрациските молекуларни движења. Во ова дело го вовел и концептот на „средна слободна патека“ на честичка.
Ентропија Во 1865 година, Клаузиус ја дал првата математичка верзија и го именувал концептот на ентропија. Клаузиус го избрал овој збор, бидејќи неговото значење (од старогрчките ἐν en „во“ и τροπή tropē „трансформација“) е „трансформативна содржина“ („Verwandlungsinhalt “).
Ја користел сега напуштената единица „Клаузиус“ (симбол: Cl ) за ентропија.
1 Клаузиус (Cl) = 1 калорија/степен Целзиус (cal/°C) = 4,1868 џули на келвин (J/K) Леон Купер тогаш изјавил дека на овој начин Класиус успеал да измисли збор што за сите значи едно исто: ништо.
Наводи
Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Термодинамичари Категорија:Починати во 1888 година Категорија:Родени во 1822 година