Доброволно противпожарно друштво Пехчево е волонтерска организација за заштита од пожари и унапредување на безбедноста во заедницата, со седиште во Пехчево, Македонија. Организацијата учествува во гаснење на шумски и урбани пожари, како и во превентивни активности поврзани со заштита од пожари.
Обуки и меѓународна соработка
Членовите на Доброволното противпожарно друштво Пехчево редовно учествуваат на домашни и меѓународни обуки со цел унапредување на знаењата и вештините во областа на противпожарната заштита и спасувањето.
Во 2026 година членови на друштвото учествуваа на специјализирана обука за гасење шумски пожари во Центарот за обука во Сежана, Република Словенија. Обуката беше овозможена преку Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија и беше насочена кон современи техники за справување со шумски пожари, безбедност на пожарникарите и координација при интервенции.<ref>https://www.facebook.com/share/p/18tzV9Enx1/
Во истата година, членови на друштвото учествуваа на повеќедневна практична обука спроведена од инструктори на Operation Florian од Обединетото Кралство. Обуката опфати користење на изолациони дишни апарати, пребарување и спасување во услови на ограничена видливост, управување со воздухот во дишните апарати, комуникација при интервенции и постапување во вонредни ситуации. Обуките беа дел од меѓународната соработка помеѓу организацијата и британските инструктори од областа на пожарникарството.https://www.facebook.com/OperationFlorian
Историја Доброволното противпожарно друштво во Пехчево е основано од група волонтери со цел да се подобри локалниот капацитет за одговор при пожари и природни непогоди.https://maleshnet.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%85%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B4/
Друштвото учествува во повеќе интервенции при шумски пожари и други природни непогоди во регионот.
Во одреден период друштвото останало без своето противпожарно возило по пожар, по што била организирана акција за собирање средства за ново возило.https://shilo.mk/otkako-im-izgore-edinstvenoto-protiv-pozharno-vozilo-pozharnikarite-od-pehchevo-preku-donacii-sobiraat-pari-za-da-kupat-drugo/
Подоцна, друштвото добило донација на теренско противпожарно возило за интервенции на тешко пристапни терени.https://alfa.mk/terensko-protivpozharno-vozilo-donaczi%d1%98a-za-dpd-pehchevo1/
Мисија и цели Мисијата на друштвото е да придонесе кон заштита на животите, имотот и природата преку:
гаснење и превенција од пожари; едукација на населението за мерки на заштита од пожари; учество во активности при природни непогоди; волонтерска поддршка на локалната заедница.
Активности Друштвото учествува во:
интервенции при шумски пожари; гаснење урбани пожари; превентивни активности и едукација; хуманитарни акции.
Опрема За своите активности друштвото користи различна противпожарна опрема, меѓу која:
теренски возила за интервенции; пумпи за вода; рачни апарати за гаснење; противпожарни црева; заштитна опрема за членовите.
Членство Членството во друштвото е волонтерско и е отворено за граѓани кои сакаат да придонесат кон безбедноста на заедницата. Членовите учествуваат во обуки и активности поврзани со заштита од пожари.
Наводи
Надворешни врски Доброволно противпожарно друштво Пехчево – Facebook Доброволно противпожарно друштво Пехчево – Instagram
Категорија:Пехчево Категорија:Организации во Македонија