Краликова чадливка () — вид цветно растение од семејството афиони.
Опис Ова е е едногодишно растение со полегнати и вертикални стебленца кои се високи до 40 см, голи и со надолжни бразди. Листовите се сивкави, навидум триаголни до триаголно јајцевидни, 1-2 пати перести а деловите на листовите се пересто насечени. Ливчињата се копјести или линејно копјести, 2-4 пати подолги отколку широки. Соцветијата се растресити, со должина од 2-3(-4) см и со 10-18 цвета. Дршката на соцветијата е многу куса.
Прицветниците се скоро еднакви со должината на плодните дршки или подолги. Чашкините ливчиња се со должина од 2-2,7 мм и 1,5–2 мм ширина со јајцевидна форма, во основата со поголеми запци, а во горниот дел со поситни, 2-3 пати покуси од венчето. Венчето е долго 5-6(-7) мм со светлорозова до црвена боја а на врвот виолето. Горното венечно ливче е со зелен кил, а во предниот дел работ е свиткан нагоре. Долното венечно ливче во предниот дел е со расперен раб. Оревчињата се скоро топчести, 1,7 мм широки, со тап врв и со рапава површина. Плодните дршки кукасто се свиткани надолу.
Распространетост во Македонија Краликовата чадливка е распространето во Македонија, најчесто покрај патишта, грмушки и камењари и главно во потоплите делови.
Се среќава во околината на Нов Дојран, Богданци, Смрдлива Вода, Негорци, Кавадарци и клисурата на река Раец, Демир Капија, Крива Паланка меѓу селата Ранковце и Опила а се посочува за Велес, Смратливец, Мајден, Валандово селата Дедели и Удово, Гевгелија.
Наводи
Категорија:Чадливка Категорија:Флора на Македонија