Ajuga pyramidalis ― цветно растение од родот Ajuga во семејството Усноцветни. Тоа е автохтоно растение во Европа.
Ботанички опис Ajuga pyramidalis е повеќегодишно, тревесто растение без долги надземни изданоци, кое расте од околу 5 до 20 см. Во основата има розета од стебленести листови кои се значително поголеми од стеблото. Цврстото исправено влакнесто стебло е квадратно и носи едноставни листови кои растат во спротивни парови. Тие се овални, влакнести горе и долу и имаат малку брановиден раб. Соцветието има листовидни бракти кои се наоѓаат под поединечните цветови. Брактите постепено се смалуваат кон врвот на цветницата, секогаш се подолги од цветовите, а горните често се обоени во виолетова боја. Соцветието формира пирамидален терминален клас и е формирана од аксиларни вртлози. Чашката на секој цвет е со пет лобуси, синкаво-виолетовото венечно ливче има трубичкат ана чашката е споена, со две усни. Горната усна е многу кратка, а долната усна е со три лобуси. Има четири прашници, два долги и два кратки. Толчникот е гол, со темно виолетови прашници, а плодот е со четири комори. Хермафродитните цветови се зигоморфни. Цветовите произведуваат нектар за да привлечат опрашувачи, како бумбари и пеперутки. Времето на цветање се протега од јуни до август.
Екологија Прицветниците во соцветието ги заштитуваат цветовите од дожд, а нивната виолетова боја го засилува сигналниот ефект за опрашувачите. Чашката е влакнеста, заштитувајќи го цветот од инсекти што лазат. Дополнително, нектарот е обезбеден со цврст, превртен прстен од влакна. Плодовите содржат месести, маслени семки.
Појава Ajuga pyramidalis потекнува од северна Европа и Кавказ. Се среќава во планините на централна и јужна Европа, како и во северна и западна Скандинавија. На Британските острови, се шири до нивото на морето, многу ретко во ИрскаParnell, J. and Curtis, T. 2012. Webb's An Irish Flora. Cork University Press. , а на други места се среќава во Шкотска и Вестморленд во Англија.Clapham, A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F.v 1968. Excursion Flora of the British Isles. Second Edition. Cambridge University Press. Расте на речиси неутрални, претежно карпести почви во отворени тревни површини, врисоци и карпести гребени. На Алпите, расте на надморска височина до 2 700 м.
Во Македонија е забележан на планински пасишта на длабока почва од 1600 до 2 200 метри надморска височина. Познат за Попова Шапка, Шар планина, Љуботен, Осогово, Добра Вода, Ливадичко Езеро и др.Владо Матевски: Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2, МАНУ, Скопје, 2021, стр. 209
Употреба За Ajuga pyramidalis, како и за многу видови ajuga, се тврди дека има лековити својства и се користи за лекување на рани и за метаболички нарушувања.
Таксономија Подвидови
Ajuga pyramidalis subsp. meonantha (Hoffmanns. & Link) R.Fern., 1960 Ajuga pyramidalis L. subsp. pyramidalis
Синоними Ajuga alpina Vill. Ajuga nana Gilib. Ajuga pyramidalis var. alpina Nyman Ajuga rupestris Schleich. ex Steud. Ajuga vulgaris subsp. schurii Rouy Bugula pyramidalis Crantz Bulga pyramidalis Kuntze Teucrium pyramidale Crantz
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија