Нана Ото Адо (роден на 9 јуни 1975 година, во Хамбург) — гански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов ја води репрезентацијата на Гана.

Биографија Роден е во Хамбург, Западна Германија, од гански родители.

Технички карактеристики Играч Својата кариера ја започнал како офанзивен играч од средниот ред, но заради одличниот дриблинг и брзината кои ги поседувал подоцна бил најчесто користен како крило, и тоа на двете страни од теренот. Покрај тоа, тој бил користен и како внатрешен играч од средниот ред, па дури и како напаѓач. Силен во ситуации еден на еден, со одлична физичка подготвеност и добра техника, тој бил креативен играч способен добро да центрира и да создава шанси за соиграчите; иако поретко, некогаш и тој самиот знаел да ги завршува акциите и да постигнува голови.

Тренер Како тренер Адо најчесто ја користи 4-2-3-1 формацијата и најмногу се фокусира врз дисциплина, пресинг и брза транзиција.

Клупска кариера Почетоци Адо ја започнал својата кариера во 1991 година во родниот град Хамбург, со екипата на Хамбургер, а потоа играл за малите екипи од градот како Брамфелдер и Хамбург 93 (1992-1996).

Хановер 96 Во 1996 година, Адо преминал во екипата на Хановер 96, која во тоа време се натпреварувала во Регионалната лига Север (третото ниво во германскиот фудбал), истата од која тој во претходната сезона испаднал со Хамбург 93. Тој оставил силен впечаток постигнувајќи 7 гола во неговата прва сезона во Хановер, кој во составот тогаш ги имал и идните ѕвезди Џералд Асамоа (уште еден фудбалер со ганско потекло) и Фабијан Ернст. Тимот го освоил првото место и постигнал преку 100 гола во првенството таа сезона, но потклекнал пред Енерги Котбус во плејофот за промоција во 1997 година.

Во сезоната 1997-1998, Адо одиграл 30 од 34 натпревари на својот тим во првенството и постигнал 6 гола, со што придонел за освојувањето на промоција во 2. Бундеслига. На 24 септември 1997 година, тој го постигнал својот прв гол во Купот на Германија, победничкиот во изненадувачкиот успехот со 2-1 и елиминацијата на прволигашот Минхен 1860. Во својата трета и последна сезона со Хановер, тој одиграл 30 натпревари и постигнал 7 гола во 2. Бундеслига, завршувајќи како втор најдобар стрелец на „96-ките“ во првенството зад Маркус Кројц кој постигнал еден гол повеќе. Тимот за малку не успеал да избори втора последователна промоција завршувајќи на четвртото место со само еден бод зад тимот пред нив.

Борусија Дортмунд Во летото 1999 година, Адо потпишал за Борусија Дортмунд, што му овозможува да се натпреварува во најсилната лига на Германија. Своето деби за клубот го направил на 17 септември во победата со 3-0 во гости над Минхен 1860, забележувајќи притоа и асистенција во тој натпревар за голот на Фреди Бобиќ. Пет дена подоцна, тој дебитирал во Лигата на шампионите запишувајќи уште една асистенција (повторно за Бобиќ) во победата со 3-1 на домашен терен над . Својот прв гол како играч на Борусија Дортмунд го постигнал на 27 октомври 1999, во ремито 1-1 на домашен терен против во Лигата на шампионите. Својот прв гол во Бундеслигата го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на домашен терен против . Својата прва сезона на Вестфален ја завршил со вкупно 30 настапи (22 во првенството, 5 во Лигата на шампионите, 2 во Купот на УЕФА и 1 во Лига купот) и 3 постигнати гола.

По добрата прва сезона со „милионерите“, во втората, Адо ја имал најдобрата сезона во својата кариера; тој постигнал 9 гола и имал 6 асистенции во Бундеслигата, помагајќи му на клубот да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите. На 12 мај 2001 година, тој постигнал два гола првпат во својата кариера во победата со 1-4 на гости над Унтерхакинг. Во сезоната 2001-2002, Адо станал шампион во Бундеслигата, но не можел да придонесе многу за успехот пропуштајќи го поголемиот дел од сезоната поради повреда заработена во натпреварот од Лига купот на Германија против на 15 јули 2001. Магнетната резонанца покажала скинати лигаменти на десното коленото, поради што на 22 јули играчот бил опериран во клиниката на светски познатиот хирург специјалист за колено, д-р Ричард Стедман, во Вејл, Колорадо. Адо се вратил во акција во завршницата од сезоната забележувајќи 8 настапи во првенството за идниот шампион на Германија; исто така, тој играл и во финалето на Купот на УЕФА, загубено со 3-2 од Фејенорд на 8 мај 2002 во Ротердам, заменувајќи го Евертон во 61-вата минута.

Во следните сезони, повредите му прават се повеќе проблеми и бројот на настапите стануваат ограничени, така што Адо одиграл само 21 натпревар во последените три сезони во клубот. На 24 септември 2003 година, кариерата на Адо била под закана откако повторно го повредил проблематичното десно колено, по трет пат, во победата на Дортмунд со 2–1 над Австрија Виена во Купот на УЕФА. Тој го започнал натпреварот, но бил заменет по само 38 минути. После долга пауза од споменатата повреда, тој се вратил во акција на 29 јануари 2005 година, во натпреварот против (1-1). Својот последен натпревар за Дортмунд го одиграл на 21 мај 2005, во победата со 2-1 над Ханза Росток.

Вкупно за Борусија Дортмунд одиграл 98 натпревари и потигнал 16 голови.

Мајнц 05 и Хамбургер На 26 мај 2005 година, Адо потпишал двегодишен договор со екипата на Мајнц 05, продолжувајќи ја својата кариера во Бундеслигата. Тренерот на Мајнц, Јирген Клоп, изјавил за трансферот на Адо дека „добиле разноврсен играч од средниот ред, кој има големо искуство на меѓународната сцена пред серијата на повреди и дека клубот ќе се обиде да му пружи шанса да го достигне тоа нив повторно“. Сепак, и покрај укажаната шанса Адо не успеал да импресионира, завршувајќи на клупата во последните натпревари од сезоната. По уште поразочарувачката втора сезона во која одиграл само 3 натпревари, тој го напуштил Мајнц без ниту еден постигнат гол по истекот на неговиот договор.

На 9 август 2007 година, Адо потпишал тригодишен договор со Хамбургер, првично наизменично со резервите и првиот тим. Додека бил во Хамбург, Адо ги откри своите цели за Хамбургер во интервју за HSVLIVE, исто така, осврнувајќи се на други теми. Во 2008 година, тој го објавил своето пензионирање од играњето фудбал на 33-годишна возраст, откако одиграл само 4 натпревари со првиот тим на Хамбургер.

Репрезентативна кариера Иако е роден во Германија, Адо на репрезентативно ниво ја претставувал Гана седум години, почнувајќи од 1999 година. Своето деби го имал на 28 февруари 1999 година, во натпревар против добиен со 5-0 во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2000. Откако Гана се квалификувала, следната година, тој бил повикан во репрезентацијата за споменатото натпреварување, постигнувајќи го притоа и својот прв гол за „Црните ѕвезди“ за време на турнирот, во победата со 2-0 над во групната фаза.

Шест години подоцна, тој бил повикан во составот за Светското првенство 2006 во Германија. Тој го започнал првиот натпревар на турнирот против во Келн, кој Гана го добила со 2-0. Вториот и последен настап на првенството го имал во победата со 2-1 над , која на ганците им овозможила пласман во осминафиналето во кое биле елиминирани после поразот од со 3-0.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера Адо ја започнал својата тренерска кариера во неговиот последен клуб Хамбургер во 2009 година, а потоа работел како тренер на младинскиот тим и помошник тренер до 2015 година.

Во декември 2013 година, Адо бил назначен за шеф на скаут службата на ганската репрезентација пред Светското првенство 2014 и Африканскиот куп на нации 2015.

Во април 2019 година, било објавено дека Адо ќе работи за неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд како „тренер на таленти“, откако претходно имал слична улога во Борусија Менхенгладбах од 2017. Во декември 2020 година, тој бил унапреден во помошник тренер на тренерот на првиот тим, Един Терзиќ, кој ја презел таа улога по отпуштањето на Лусјен Фавр. По назначувањето на Терзиќ за технички директор и назначувањето на Марко Розе за тренер, Адо ја продолжил својата работа повторно како „тренер на таленти“.

На 25 септември 2021 година, Фудбалскиот сојуз на Гана објавил дека го назначиле Адо за еден од двајцата помошници на новиот селектор на Гана, Милован Рајевац. На 9 февруари 2022 година, Фудбалскиот сојуз на Гана објавил дека го назначил Адо за привремен селектор на репрезентацијата пред финалните плејоф натпревари на Гана за Светското првенство 2022 против Нигерија. На 29 март 2022 година, тој ја квалификувал Гана (поради правилото за гол во гости) на Светското првенство 2022 во Катар, откако во Абуџа одиграле нерешено 1–1 (0-0 било во првиот натпревар) што било доволно за „Црните ѕвезди“ да се квалификуваат за својот четврти Мундијал во историјата.

На Светското првенство 2022, Гана под водството на Адо - кој станал првиот Ганец кој играл како играч и тренер на Светско првенство - го загубила својот прв натпревар против Португалија со 3–2, но го добила вториот натпревар во групата против Јужна Кореја со 3–2. Пет дена подоцна, Гана загубила од Уругвај и била елиминирана од турнирот уште во групната фаза. Пред почетокот на Светското првенство, Адо навестил дека ќе си замине по завршувањето на Светското првенство без оглед на исходот. По нивниот последен натпревар од групата, Адо поднел оставка од функцијата селектор на Гана за да се фокусира на својата улога како тренер на таленти во Борусија Дортмунд. Адо ја открил одлуката да ја напушти функцијата селектор на Гана, посочувајќи дека одлуката всушност и не била целосно само во неговите раце.

Тренерска статистика Репрезентации Статистиката е ажурирана на 17 март 2025. Гана СезонаРепрезентацијаНатпреварувањеПласманУчинокГоловиОдиграниПобедиНерешениИзгубениУспешност %ДГПГГР мар. 2022 (баражи) Квал. за СП 2022 1. место во групата Г, се квалификувале преку плејоф 1 1 0 2022 Квал. за АФКОН 2023 Поднел оставка, ? во групата Е 4 1 +3 ное.-дек. 2022 Светско првенство 2022 Групна фаза (4. место во групата Х) 5 7 -2 2024 Квал. за АФКОН 2025 4. место во групата Ф 3 7 -4 јун. 2024 Квал. за СП 2026 наз., 1, место во грпата И, се квалификувале 6 4 +2 2025 16 1 +15 од 2022 Пријателски 15 17 -2 Вкупно Гана 50 38 +12

Титули Борусија Дортмунд Бундеслига : 1 2001-2002

Наводи

Надворешни врски

Ото Адо на soccerway Ото Адо на transfermarkt Ото Адо на espn Ото Адо на fbref

Категорија:Германски фудбалери Категорија:Гански фудбалери Категорија:Германски фудбалски тренери Категорија:Гански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Луѓе од Хамбург Категорија:Живи луѓе