мини|десно|250п|Црквата „Св. Јован Претеча“ во Црковјани Црковјани или Црковени (, Еклисиохори или Κλησοχώρι, Клисохори; до 1926 г. Τσερκόβιανη, ЦерковјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκόβιανη -- Εκκλησιοχώριον) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 564 жители (2021). До 1924 г. населението било чисто македонско, а денес е мешано.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 3 км североисточно од Воден (Едеса), во поднижјето на планината Ниџе, на надморска височина од 380 м. Сместено е крај самиот пат од Воден за С’ботско.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црковени (Tzerkovéni) имало 78 куќи со вкупно 300 жители, сите Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото имало 320 жители, сите Македонци християни и 3 Македонци муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Церковени (Tzerkoveni) има 160 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. Милоевиќ во истиот период регистрирал 20 македонски куќи.
Со Букурешкиот договор Црковјани било припоено кон грчката држава, кога имало 103 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Еклисиохори, што е буквален грчки превод на македонското име. Во 1920 г. Црковјани имало 120 жители (сите Македонци), но во 1924 г. властите доселиле 127 Грци-бегалци од Понд. Во 1928 г. селото имало 456 жители, од кои 143 (32 семејства) биле доселеници.
Во 1940 г. Црковјани имало 386 жители, од кои половината Македонци, а другата половина — доселени Грци.
Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.Мичев, Добрин. „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“
Во 1947 г. НОФ го завел селото со 450 жители, од кои 250 Македонци и 200 доселеници.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде спаѓаат и градот Воден и селата Котугери и Пачарешко.
Стопанство Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и овошјето.
Наводи
Категорија:Воден