мини|330x330пкс|6 региони на Светска туристичка организација на Обединетите нацииСветскиот ден на туризмот се одбележува од 1980 година, како меѓународен празник на 27 септември. Овој датум е избран затоа што на тој ден во 1970 година биле усвоени Статутите на Светска туристичка организација на Обединетите нации. Овој ден исто така се совпаѓа со моментот кога врвот на туристичката сезона на Северната хемисфера се среќава со врвот на туристичката сезона на Јужната хемисфера. Усвојувањето на овие Статути се смета за пресвртница во глобалниот туризам.
Целта на овој ден е да се подигне свеста за улогата на туризмот во меѓународната заедница и да се покаже како тој влијае врз социјалните, културните, политичките и економските вредности низ целиот свет.
На својата Дванаесетта сесија во Истанбул, Турција, во октомври 1997 година, Генералното собрание на Светска туристичка организација на Обединетите нации одлучило секоја година да назначи земја домаќин која ќе дејствува како партнер на Организацијата во прославата на Светскиот ден на туризмот. На својата Петнаесетта сесија во Пекинг, Кина, во октомври 2003 година, Собранието одлучило за следниов географски редослед што ќе се следи за прославите на Светскиот ден на туризмот: 2006 во Европа; 2007 во Јужна Азија; 2008 во Америка; 2009 во Африка и 2011 година на Блискиот Исток.
Покојниот Игнатиус Амадува Атигби, Нигериец, ја предложил идејата за одбележување на 27 септември секоја година како Светски ден на туризмот. Конечно, тој бил признат за својот придонес во 2009 година. Бојата на Светскиот ден на туризмот е сина.
Надворешни врски
Светски ден на туризмот Универзитет Сангам Билвара Раџастан - Светски ден на туризмот 2012 година Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Празници во септември