Патичино (Патичина, Патечино Патечина; , Патима; до 1926 г. Πάτοτσιν, ПатоцинΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσεγάνη -- Πάτημα; ) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба Селото се наоѓало на југозападните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 1.030 м, близу некогашното село Турице.

Историја Во подалечното минато, селото било македонско, но се распаднало во немирни времиња. Многу подоцна, во втората половина на XIX век Патичино го обновиле Власи-сточари од Епир, кои го откупиле земјиштето од некој турски бег од Ослово.

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пачетин како македонско село.нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политикаГригоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Патичино живееле 100 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149.

По Илинденското востание целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патичин (Patitchin) имало 72 жители, сите Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рз. 190-191.

Според романски извори, Патичино било влашко село и ова се смета за правилно. Единствениот друг извор што дава исправна информација е Милоевиќ (подолу), додека пак бугарските извори го водат како Македонско (секако, нарекувајќи го „бугарско“), несвесни за етничката промена што настанала во минатото.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава, кога имало 216 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел како влашко село. Во 1920 г. се заведени 325 жители, сите Власи. Селото било под силна романска пропаганда и многу жители во 1925 г. се иселиле во Романија. Поради ова, во 1928 се заведени само 185 жители, а во 1940 г. само 91 жител.

За време на Втората светска војна во 1944 г. селото настрадало од германската офанзива во јануари 1944 г. Во меѓувреме, повеќе семејства се иселиле во Воден и Негуш. Во 1947 г. во Граѓанската војна дошло до присилно иселување на сточарите од Патичино во Воден, кои во меѓувреме го обновиле селото. По нормализацијата на состојбите, жителите не се вратиле и селото денес е во урнатини.

Наводи

Категорија:Историски села во Воден